Тој ги повика сите политичари кои вршат јавни функции доколку се сопственици на одредени компании или пак се сопственици на малцински пакет акции во одредени компании да ги птуѓат но не формално.

Објавил: Сара Фемина | 11 октомври, 2019 20:24

Мицкоски: „Повеќе не сум сопственик на удел на хидроцентралите, новиот купец го презеде уделот од 7 проценти во компанија„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот Макфакс откри дека тој веќе не е сопственик на удел на хидроцентралите од 7 проценти.

Еве, ексклузивно за вашата емисија сакам да кажам и да потврдам дека од пред некој ден практично јас ги отуѓив тие 7 проценти и веќе не сум сопственик во таа компанија. Ги отуѓив без никаква економска награда, односно новиот купец го презема уделот од 7 проценти во таа компанија, така што ми беше мене надоместен влогот со кој што сум учествувал се разбира, а тој ги превзема обврските кои што беа до тој момент и мои обврски, вели Мицкоски.

Мицкоски ги повика сите останати политичари и премиерот Заев кои се сопственици на малцински пакет акции во одредени компании да ги птуѓат но не формално, туку суштински бидејќи како што рече тој во спротивно постои сомнеж за корупција и за влијание на одредени економски рекови во државата.

Ја користам оваа прилика да го повикам и Зоран Заев и сите останат политичари кои што се сопственици на удели на ваков или на таков начин додека ја обавуваат функцијата, додека вршат јавна дејност да излезат од компаниите, да ги отуѓат но не формално да ги отуѓат, туку суштински да ги отуѓат бидејќи се додека таму се тие доминантни сопствени, а не сопственици на малцински пакет акции навистина постои основано сомнение за корупција, влијание врз определени економски текови во државата, изјави Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Нивниот татко бил незнабожец, а мајка им била христијанка по име Теодотија. По смртта на нивниот татко, нивната мајка се погрижила да ги воспита своите деца во духот на Христовата вера, учејќи ги на постојано служење на Христа.

Утре е голем празник- се слават светците Козма и Дамјан заштитници на лекарите

Светите Козма и Дамјан беа бесребреници и чудотворци и браќа по тело....

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот – информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.

ОБНОВЕНО: Детали за приземјувањето на владиниот авион

Детали за принудно слетувањето на владиниот авион. Капетанот на владиниот воздухоплов...

Вонредното “emergency” слетување на авионот од марка лирџет се случило околу 14:20 часот. Нема повредени, а во авионот немало патници туку летот го изведувала само посадата.

Владиниот лирџет заврши во хангар откако принудно слета на скопскиот аеродром

Авионот на владината СОЗР кој се користи за летови и патување на државните функционери...

Јовановски, но и неговиот адвокат од судските власти бараа затворскиот притвор да му биде заменет со домашен, токму поради нарушеното здравје, но тоа барање беше одбиено.

МОЖЕ ДА УМРЕ ЗА 15 МИНУТИ: Влошена здравствената состојба на Боки 13,му откажал левиот бубрег

Влошена е здравствената состојба на првоосомниченипот за случајот Рекет, Бојан Јовановски,...