Утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили.

Објавил: Стојче Бушин | 26 ноември, 2020 7:47

Мицкоски: Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на Македонија, за Илинден и АСНОМ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Протест сега, за да не биде предоцна!
Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација” како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави „терористи” и „престапници”, а не ослободители. Не!

Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи.

Македонија е за пријателство, но пријателството значи взаемно почитување. Ако нема почитување, нема да се разбереме. Да не бидеме неми, да бидеме гласни пред да биде предоцна.

Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет.

Утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили.

Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме.

Сега, за да не биде предоцна, напиша на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата природа и на целиот космос преку вода и Дух.

Утре се празнуваат Водици – денот кога водите стануваат лековити

Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал...

При посетата на храмовите задолжително да ги почитуваат препораките за заштита, да носат заштитни маски и одржуваат дистанца.

ОХРИД: Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби

Годинава нема да биде организирано традиционалното фрлање на Светиот крст во водите...

Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води.

ОХРИД СЈАЕ: Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици

Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Од...