Раководството на ВМРО-ДПМНЕ сеуште нема донесено одлука за поддршка на кандидатите во општините кои не се дел од коалицијата „За обнова на Македонија“ или од коалицијата Алијанска/Алтернатива, истакна Мицкоски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 октомври, 2021 16:24

Мицкоски: Подавам рака за обединување и рушење на оваа влада

Фото/Текст извор: ©магазин

Коалицијата „За обнова на Македонија“ на гласањето за советничките листи освои 55 илјади гласови повеќе од СДСМ и коалицијата, што претставува убедлива победа и јасна порака до власта, но и голема одговорност за опозицијата, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по состанокот со раководството на коалицијата „За обнова на Македонија“. Мицкоски повика на создавање „здружена опозиција на леви, центар и десни со една мисија – рушење на оваа Влада“

Подавам рака за обединување и здружена опозиција, а тоа го побара и народот на овие избори. Македонија има иднина и мора да победува, на чекор сме сите заедно да направиме големи работи. Изборите покажаа дека има сериозно антивладино расположение и незадоволство од власта, а заедничка цел на опозициските партии е промена на власта и нова иднина на Македонија. Секоја наша разлика во опозицијата е помала од заедничката цел, а тоа е да ја собориме оваа власт , изјави Мицкоски.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ сеуште нема донесено одлука за поддршка на кандидатите во општините кои не се дел од коалицијата „За обнова на Македонија“ или од коалицијата Алијанска/Алтернатива, истакна Мицкоски.

И претседателот на СДСМ Зоран Заев со писмо упатено до членовите на партијата побара обединување на членството.

Според него, во првиот круг била испратена јасна порака од граѓаните која мора да се слушне.

Ве повикувам на обединување затоа што од другата страна се истите кои ја уништуваа нашата земја со години. СДСМ греши, но учи и се поправа. А, ние сме борци, ние сме отворени луѓе и отворена партија и знаеме и да слушаме, и да постапуваме, и да се менуваме. Тоа го имаме и докажано, и покажано преку бројни примери кога критиките и пораките од граѓаните сме ги прифаќале и сериозно сме ги ревидирале и подобрувале нашите чекори и политики.

Според Заев, граѓаните ја бараат борбата за нов циклус промени и затоа е време за обединување, додава дека се потребни брзи промени и акции кои ќе придонесат кон борба, уважување на гласот на граѓаните и  обединување и со тоа победа на СДСМ во вториот изборен круг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Од МНР информираат дека двајца нивни вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.

МНР формира кризен штаб за трагедијата: Објавен е телефонски број на кој може да се јават роднини

Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во...

„Тоа што за нас е важно е ветувањата кои што ги дадовме пред охриѓани, но и пред граѓаните во Македонија да ги реализираме и исполниме, да создадеме нова иднина што всушност беше и нашата главна порака на овие избори, да покажеме дека не се сите исти.

Затоа што на народот му е преку глава од неуспеси и поделби, народот сака да види резултати и конечно да види реализација и исполнување на ветеното. Тоа нас не прави различни од нашиот политички противник, од оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ.

Ќе се обидеме на локално ниво да покажеме дека можело поинаку и дека можеме сите заедно да работиме чесно и да ги исполниме очекувањата на граѓаните во рамки на можностите се разбира. Нема да критикуваме, нема да се жалиме колку е тешко, тешко е се знае затоа што ако било лесно прво немало да бидеме ние, а второ ако состојбата со општината и со јавните претпријатија кои што се дел од оваа општина била добра, тогаш сигурно немало граѓаните довербата да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја дале довербата на нашите претходници.

Така што ако кажеме дека е лошо и дека има направено многу лоши работи и многу криминал нема да ве изненадиме, тоа го знае народот, го знаат охриѓани, ние ќе се фокусираме да ја санираме колку можно состојбата и ќе се фокусираме на испорака на она кое што е ветено пред охриѓани и пред граѓаните на Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Промените започнуваат и тие се гледаат и во Охрид

Промените овде во Охрид започнуваат со многу проекти и сериозна динамика во реализацијата...

Според резултатите кои Државната изборна комисија ги објави за Локалните избори 2021, шест политички партии и една независна кандидатска листа имаат освоено советнички места во новиот Совет на Град Скопје.

Конститутивна седница на новиот состав на Советот на Град Скопје

Новиот Совет на Град Скопје денеска од 11 часот ќе одржи конститутивна седница во кино...