Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за попладнево свика седница на Извршниот комитет на партијата, како и состанок со пратеничката група.
Тема ќе бидат уставните промени и како што изјавуваат, жестоките притисоци од власта за обезбедување двотретинско мнозинство.
– ВМРО-ДПМНЕ останува на претходно кажаните ставови и не очекува други пратеници да ги прифатат уставните измени за промена на името – изјави утрово Мицкоски за Дојче веле.
Пратениците на опозициската партија во средата го напуштија собранието велејќи дека нема да дадат легитимитет за промената на Уставот, по што тие се придружија на протестот пред Собранието организиран од „Македонија блокира“.
Македонци, браќа и сестри да си ja вратиме државата да се избориме за неa. Кренете ги главите гордо високо. Овој црн ден ќе биде осветлен со нова зора исто како што ќе бидат осветлени и сите они минати црнила кои што се позади нас, изјави во своето обраќање пред собранието на Р.Македонија лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.