Премиерот Христијан Мицкоски најави договор со германски туроператор, кој што ќе носи годишно по 35.000 туристи од Европа.
Тие имаат намера да развиваат културен туризам и да ние ги покажеме нашите културни капацитети коишто ги имаме како што е Градот Охрид, потоа Скопје како главен град, потоа меморијалниот центар „Мајка Тереза“ и останати културни знаменитости.
„Она што е важно да се напомене е дека самата агенција „РСД“ има повеќе од 1 милијарда евра годишен обрт и таа покрај туризмот се занимава со други области како што се маркетингот, телекомуникациите, енергетиката, хотелиерството итн., значи претставува една голема сложена групација.
Од овој февруари ќе започнуваат да носат по еден практично авион секој ден туристи коишто ќе доаѓаат од Германија, од Франција и од Велика Британија, тоа би значело дека според просекот којшто досега е направен врз искуствата во минатите години работа на оваа компанија, тоа би значело дополнително околу 30 милиони евра директни трошења овде кај нас од страна на овие гости коишто ќе не посетат или заедно ако тука го вкалкулираме и сместувањето и останатите трошоци, превозот и слично, можеме дури и да дојдеме и до бројката од 50 милиони евра.
Овие 35 илјади гости практично ќе бидат на балканска тура, таа балканска тура започнува со едно ноќевање во Скопје, потоа продолжува во Црна Гора, Албанија, потоа во Охрид каде што исто така ќе има ноќевање и завршува со две ноќевања дополнителни во Скопје, што значи 4 ноќевања во Македонија или вкупниот број на ноќевања на овие 35 илјади гости коишто ќе доаѓаат годишно на почеток, планот е да ги дуплираме тие чартер летови, да бидат два и три но тоа ќе зависи од нас, бидејќи гостите имаат и свои побарувања во делот на квалитетот на сместувачките капацитети, треба и ние како држава да подржиме таков тип на сместувачки капацитети коишто ќе бидат атрактивни за овој тип на гости, коишто би биле во поголем број односно би ги дуплираме, па и ги триплирале во годините коишто следат, но овие 35 илјади гости бројот на ноќевања коишто ќе ги имаат претставува практично од 10 до 15 проценти од вкупниот број на ноќевања коишто ги остваруваат странските гости во овој момент кај нас. Што значи ние ќе имаме додадена вредност од само една туристичка агенција од 10 до 15 проценти повеќе споредено со тоа што е состојбата во овој момент“ рече Мицкоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.