На 22-ри мај

Објавил: Калина Мартинска | 19 мај, 2024 17:13

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Фото/Текст извор: ©magazin.mkv

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по прегласувањето во изборната единици 5 очекува обезбедување двотретинско мнозинство од 62 пратеника во Парламентот.

Како што изјави денеска во своето обраќање во делчевското село Разловци, каде присуствуваше на одбележување на годишнината од Разловечкото востание, ова е историска можност за државата.

-Фокусирајќи се на народот, имаме навистина би рекол една историска можност како никогаш досега, во овие повеќе од три децении. Се уште имаме малку да ја завршиме задачата, на 22-ми мај ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање со вас со народот на  Македонија да не кажувам за 61, туку да зборувам веќе за 62 пратеника, рече Мицкоски.

Следната цел, како што рече, е две третини во Парламентот.

– Мислам дека и тоа многу скоро, денеска веќе, кон крајот на следната недела ќе можеме и тоа да го оствариме, со што ќе биде променет законот за организација на ресорите во самата Влада ќе добиеме нова структура на Влада, модерна Влада, влада којашто ќе одговара на потребите на граѓаните во Македонија, рече Мицкоски.

Потоа, како што додаде, ќе отпочне еден историски реформскиот процес кој што е досега невиден Македонија.

-Во првите 100 дена очекуваме исклучително добри вести за сите граѓани, во смисла на подобрување на стандардот, една финансиска бомба  би рекол. Ние нема да се занимаваме, со политички бомби, со ниски страсти, со напади, ние планираме да работиме за подобрување на стандардот на граѓаните, тоа е нашата цел и планираме да го заслужиме нашето место во историјата, додаде Мицкоски.

Во рамки на посетата на Разловци, Мицкоски положи цвеќе пред спомен-плочата на Поп Стојан, еден од организаторите на Разловечкото востание.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.