(видео) Мицкоски : "50 полициски службеници го чуваа Јанакиески - не ме пуштија да влезам" -Деспотот Заев да излезе и да се извини ова е црн ден за демократијата во Република Македонија

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 февруари, 2019 21:33

Мицкоски: Рацете на Зоран Заев се крвави и не постои вода која што ќе може да ги испере!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО ДПМНЕ вечерва во болницата 8 ми септември беше спречен да го посети Миле Јанакиески, кој попладнево беше брутално претепан во затворот во Шутка, од обвинетите терористи за случајот Диво насеље.

Христијан Мицкоски рече дека она што вчера го најавил, денеска има свое продолжување. Оваа криминална, непотистичка и насилничка власт го покажува вистинското свое лице преку институциите со кои што раководи. Тој изјави за медиумите дека ова е голема срамота за Република Македонија, затоа што оваа власт се се кукавици, бидејќи дозволиле Миле и Спире да бидат нападнати од насилници во затворот во Шутка.

Тој рече дека ова се очајнички обиди на деспотот и наскоро народот ќе му пресуди за се што и направи на Република Македонија.

Побара моментална оставка од овие насилни луѓе, за спас на Македонија. Рацете на Зоран Заев се крвави и тешко дека вода ќе ги испере. За Миле Јанакиески и Спире  Ристовски рече дека во животот на мравка не згазнале, а според управата на истражниот затвор самите го предизвикале инцидентот.

Денеска се жртви Спире и Миле, утре ќе биде секој еден од вас. Затоа треба секој еден од вас да си го постави прашањето во каква држава сака да живее и каква влада сака да ги управува оваа држава. Денеска ова што се случи е преседан во поновата историја на Република Македонија. Државата не успеа да ги заштити животите на двајцата притвореници и за ова треба да има одговорност.

И не само од оние структури на ниво на позорникари или луѓе кои што се грижат за безбедноста на затворениците во притворското одделение во затворот Шутка, туку треба да сноси конечно одговорност најповиканиот за сето ова, премиерот, деспотот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за правда Рената Тренеска Дескоска, изјави Мицкоски пред градската болница каде инсистираше да го пуштат да го види Јанкиески.

Не ми дозволија да го видам г-нот Миле Јанакиевски ниту пак излезе некој да ја објасни ситуацијата.

Во продолжение погледнете го интервјуто кое Мицкоски го даде за медиумите: 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.