Македонија
Вести
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше во посета на манастирот „Света Богородица“ во Свети Николе од каде испрати порака и ја обвини актуелната власт за нов „Рекет 2“.
Мицкоски рече дека Македонија стана место каде криминалците се прават за успешни бизнисмени, а вистински успешните бизнисмени секој ден живеат во страв и само чекаат која цифра за некој нов рекет ќе ја испорача власта.
Неговата борба е за обнова на Македонија онаква каква ја сакаме и секогаш македонскиот народ ја заслужувал. Горда и исправена, силна и напредна, порача Мицкоски.

-Бев во посета на манастирот Света Богородица, Свети Николе. Народот е разочаран, потиштен, бара излез од бездната и неправдите донесени од власта. Велат селата и градовите се празнат само за луѓето од власта дојде живот, за другите е пекол.
Станавме место каде криминалците се прават за успешни бизнисмени, а вистински успешните бизнисмени секој ден живеат во страв и само чекаат која цифра за некој нов рекет ќе ја испорача власта. Гледаме дека Рекет не застанува, има и Рекет 2 каде кастата на власт сакала да превзема фирми, уценува, немилосрдно пљачка. На тоа мора да му се стави крај и да се побара одговорност. А одговорноста ќе дојде кога ќе има вистинска правда.
Мојата и нашата борба е за обнова на Македонија. Онаква каква ја сакаме и секогаш нашиот народ ја заслужувал. Горда и исправена, силна и напредна, напиша Мицкоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.