Мицкоски потенцира дека во референдумското прашање се поставени три прашања

Објавил: Данаил Михајловски | 24 септември, 2018 20:14

Мицкоски: Референдумот е за промена на името

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното негово гостување во “Топ тема” на Телма телевизија говореше за ставот на партијата околу склучениот договор помеѓу Македонија и Грција.

Тој потенцира дека во референдумското прашање се поставени три прашања, а од кои само едно се однесува на промена на името, за што всушност и е овој референдум.

Ние имаме прашање кое што еден од трите дела на прашањето се однесува на договорот, а другите два дела се неприродно поврзани со третиот дел, а тоа се ЕУ и НАТО зашто граѓаните во Република Македонија и сите други посериозни политички партии одамна акламативно се изјасниле дека се ЗА. Тука нема никаква дилема впрочем ви дадов и еден правен аргумент каде што уставниот суд на 18-ти февруари оваа година вели нема потреба референдумско известување за членство во НАТО бидејќи одлуката донесена 1993 година е сосема доволно, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија е принципиелна, чесна и искрена.

Велиме ова решение требаше да биде дел од референдумското прашање, и јас веднаш истиот момент, доколку договорот беше ставен на реферндумското прашање, само договорот зборам, односно решението кое што е постигнато, ќе го поддржев она што претходно во јуни месец, Вие го цитиравте од прес конференција ќе кажев ДА излагам и ќе работам на тоа, да ги убедам граѓаните да излезат да гласаат против, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести