Ќе реновираме минимум 1000 километри локални и регионални патишта, за домовите нови фасади субвенционирани од владата со 50% за да се намалат трошоците за затоплување, минимум 640 милиони евра субвенции за земјоделците и загарантиран откуп, потенцираше Мицкоски!

Објавил: Стојче Бушин | 28 јуни, 2020 22:13

МИЦКОСКИ: Се обврзуваме на зголемување на платите до 25% во еден мандат

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Се обврзуваме на зголемување на платите до 25% во еден мандат. Се обврзуваме на раст на пензиите до 20% во еден мандат. Се обврзуваме на правда и чесна работа. На 15 јули излезете и заокружете го бројот 14, листата предводена од Игор Дурловски, затоа што на Македонија и е потребна обнова, изјави вечерва од Демир Хисар, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

Ќе реновираме минимум 1000 километри локални и регионални патишта, за домовите нови фасади субвенционирани од владата со 50% за да се намалат трошоците за затоплување, минимум 640 милиони евра субвенции за земјоделците и загарантиран откуп, потенцираше Мицкоски!

Се обврзуваме на зголемување на платите до 25% во еден мандат. Се обврзуваме на раст на пензиите до 20% во еден мандат, вели Мицкоски!

Да ја исправиме Македонија гордо, доаѓаат подобри времиња! Доаѓа обнова, вели Мицкоски!

Бев во посета на повеќе домаќинства во преубавата Битола. Срдечни луѓе, со отворено срце. Битола заслужува многу повеќе. Јас нема да зборам за тоа што можеше, туку за тоа што ќе обновиме. А ќе изградиме многу, ќе направиме автопатско поврзување на Битола со Скопје.

Ќе направиме нов автопат до Велес со што Битола и Велес ќе се спојат со автопат. Но, воедно ќе работиме за повеќе пари за народот. Ќе ги намалиме даноците, ќе воведеме рамен данок од 8%, ќе ги ослободиме компаниите од данок кои ќе вработат млади луѓе, а Битола конечно ќе добие и современ фудбалски стадион. Изборот е помеѓу измамата на Заев и обнова. Народот и Битола ќе одбере обнова, рече Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Ахмет пред гостиварци рече дека Албанците заслужуваат премиер на државата, тој посочи дека изминативе години ДУИ, се избори за државни раководни функции, на кои беа назначени многу Албанци и сите тие работеле за доброто и напредокот на државата.

Али Ахмети: Заев нема да биде премиер, претера со своите изјави!

На вчерашниот митинг во Гпстивар, лидерот на ДУИ, Али Ахмети е оптимист кога станува...

Тој рече дека примарна цел и приоритет на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување на ефикасни јавни финансии преку зајакнување на капацитетот на даночната администрација, ниски даноци, консолидација на јавниот долг и зголемување на ефикасноста во реализацијата на јавните расходи.

МИЦКОСКИ: Мораме да ги засукаме ракавите и да создадеме иднина каква што посакуваме за себе и нашите најблиски

Во следните четири години ќе се фокусираме на реализација на капитални инвестиции...

Според протоколот за гласање најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место бара гласачите да стават заштитна маска.

Симулација на безбедно гласање во пресрет на изборите на 15 јули

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска присуствуваше на симулацијата на гласачкиот...

Тачи посочи дека залудна е идејата на ДУИ за премиер Албанец, бидејќи според него на овие избори Али Ахмети се крие зад кандидатот за претседател, Насер Зибери, однсоно сака да се искупи за она што не го сторил претходните години.

Тачи: Без Албанци во Влада, може да има само војна!

Во емисијата „Изборни дебати“ лидерот на ДПА, Мендух Тачи го обвини лидерот на ДУИ...