"Сите оние министри кои што се занимаваат со евро - атлантските интегративни процеси на Република Македонија треба да си поднесат оставки"

Објавил: admin@magazin | 30 јуни, 2018 15:32

Мицкоски: Со Влада каде премиерот бара мито, европска иднина нема

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше на одбележувањето на 70 години од прогонот на Македонците од Егејска Македонија.

По одбележувањето, тој на новинарско прашање дали вицепремиерот за евро интеграции Бујар Османи, дали побарал од опозицијата да се изјавсни на која страна ќе дојде од евроинтегративниот процес, кажа дека опозицијата се одлучила многу пати во минатото цврсто да чекори кон патот на евро- атлантските интеграции на Република Македонија, но доколку некој очекува од опозицијата да застане рамо до рамо со оние кои што ја потпишале според него оваа капитулација, тогаш во најмала рака е премногу претенциозно да се очекува такво нешто од страна на опозицијата.

-Опозицијата го поддржува евро- атлантскиот пат на Република Македонија од самото нејзино формирање како политичка субјект ВМРО-ДПМНЕ е на таа траекторија и нема отстапување од таа траекторија. Но, истовремено опозицијата е свесна дека во услови кога целата македонска јавност и меѓународна заедница гледа како премиерот бара мито од повеќе 100-тици илјади евра, кога гледа дека Македонија е цврсто закована на дното по сите економски параметри во Европа, кога гледа дека нема реформи по ниту еден основ и во ниту една област во Република Македонија веќе повеќе од 13 месеци, тогаш на опозицијата и е јасно дека и покрај ова капитулантско дело евро-атлантска иднина за Република Македонија нема, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека најмалку што треба сите оние министри кои што се занимаваат со евро- атлантските интегративни процеси на Република Македонија поради ова фијаско што го направија на дипломатски план да си поднесат од морален чин оставка веднаш.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.