Вирусот не е шега, туку заедничка нова битка на Македонија која мора заедно да ја победиме. И сакам тука неколку збора за политичкото милје со кое се дочекува пандемијата во земјава.

Објавил: Едмонд Бекири | 22 март, 2020 10:52

Мицкоски со отворено писмо до власта: Заедно ќе ја победиме оваа битка, затоа што ја сакаме Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати отворено писмо по повод коронавирусот и мерките кои се воведуваат во Република Македонија. Тој вели дека ова отворено писмо е будење на свеста и значи подадена рака до власта, а заедничкиот непријател кој мора да го сите да го победиме е пандемијата која одзема животи.

Во писмото Мицкоски вели дека сите заеднички и силно мора да се фокусираме кон драстични мерки, бидејќи секој ден поминат без нив, ќе значи повеќе животи кои ќе се загубат. Тој вели дека е потребно воведување на построг полициски час, најмалку од 18 часот за да има суштина со него и се направи ред, час поскоро. Мора за миг да се испразнат улиците за да се скенира состојбата.

Во писмото Мицкоски вели дека на граѓаните и Македонија и треба помош и лидерство.

Почитувани граѓани,
Драги пријатели,
Ова отворено писмо го пишувам во предвечерието на денот кога црниот биланс со заразени со вирусот Корона е најголем од почетокот на оваа Пандемија во Македонија.

Тежок ден за луѓето кои се во првата линија на борба против вирусот, но искрено верувам и тежок за секој еден човек кој треперливо ги следи новостите.
И со право е загриженоста кај секој еден од вас, бидејќи и јас сум загрижен, и знам дека ова не смее да биде битка на луда храброст без мудрост, туку на мудро употребена храброст за да се победи заедничкиот предизвик со кој се соочуваме.

Тежок ден за луѓето кои се во првата линија на борба против вирусот, но искрено верувам и тежок за секој еден човек кој треперливо ги следи новостите. И со право е загриженоста кај секој еден од вас, бидејќи и јас сум загрижен, и знам дека ова не смее да биде битка на луда храброст без мудрост, туку на мудро употребена храброст за да се победи заедничкиот предизвик со кој се соочуваме.

А стравот е неминовен бидејќи сите ние се соочуваме со непозната и нова појава и станува јасно дека ѓаволот ја однел шегата кога се бројат мртвите во Италија и другите земји каде насмеаните лица ги преполнуваа плоштадите, трговските центри, јавните места до пред само неколку недели, а денес најблиските се збогуваат со починатите.
Вирусот не е шега, туку заедничка нова битка на Македонија која мора заедно да ја победиме. И сакам тука неколку збора за политичкото милје со кое се дочекува пандемијата во земјава.

Ова отворено писмо будење на свеста значи подадена рака до власта со кое сакам да потенцирам дека во нас имате пријател, а заедничкиот непријател кој мора да го победиме е пандемијата која одзема животи.

И оттука сосема совесно и разумно како човек, но и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ имам колективна одговорност да посочам на работите кои мора да бидат подобри, зошто ако не се, тогаш ќе губиме животи. Стравот кај мене е поради тоа што имаме сериозни слабости во системот кој мора да си признаеме дека потфрла во време кога мора хируршки прецизно да функционира.

Еден пријател од странство ме праша како се справувате со вирусот? Одговорив, се превземаат мерки тоа е, иако длабоко во себе знам дека не е така, дека состојбите се алармантни и дека мора подобро.

Сликата на министерот со медицински голорак и незаштитен здравствен тим е сликата за македонското здравство и начинот на кој се работи во Македонија. Докторите се пуштени да се справуваат со пандемија незаштитени, небезбедни, под ризик за својот живот ама пр-от на министерот е важен, а стикерите на Филипче во стилот на супермен поважни. Филипче е далеку од супермен, можеби бизнисмен, ама повеќе е портпарол во време кога треба да биде само министер.

Одбивам да ја сведувам дебатата на ова ниво и затоа ќе порачам баталете го пр-от, ова не е мегдан за тоа ќе има време кога ќе се мериме и во тоа поле, но сега мораме да покажеме поголема одговорност од се што било досега. Затоа неопходно е како општество да се мобилизираме, да се преземат итни и драстични мерки што побрзо и без одлагање.

Се губи контролата над состојбите затоа што секојдневно се отвораат нови жаришта на вирусот.

Болниците кои се на располагање се недоволни, а капацитети слаби. При тоа тука не страдаат само болните од корона, туку и оние болни од други болести кои нема да добијат навремена помош заради презафатеноста со справувањето со актуелната пандемија. Неретки се случаите да не добиете помош поради тоа што системот е блокиран. Оттука мора заеднички и силно да се фокусираме кон драстични мерки. Секој ден поминат без нив, ќе значи повеќе животи кои ќе се загубат.
Потребно е воведување на построг полициски час, најмалку од 18 часот за да има суштина со него и се направи ред, час поскоро. Мора за миг да се испразнат улиците за да се скенира состојбата.
Мора да се има протокол на правење на тестови за сомнителни од корона вирусот и тие да бидат целосно бесплатни во државното и приватното здравство. Да се удвојат капацитетите за проверка. Сега владее потполн хаос каде граѓаните велат дека приватните тестови имаат поголема веродостојност затоа што државните институции ги кријат заболените.

Затоа треба да се делува во отстранување на тие сомнежи.
Морам да признам дека сум сериозно загрижен и за економската рецесија која ни престои. Државата оди по самиот раб. Илјадници луѓе престануваат да одат на работата, а штетите се поголеми од ноншалантниот однос на владата.

Ова отворено писмо будење на свеста значи подадена рака до власта со кое сакам да потенцирам дека во нас имате пријател, а заедничкиот непријател кој мора да го победиме е пандемијата која одзема животи.

Оние мерки кои ги соопшти Заев се далеку од доволни.
Треба веднаш државата да покрие 50% од сите трошоци за вработените, плати и придонеси. Да се замрзнат плаќањата на рати кон банките и заемодавателите бидејќи тоа е добро и за банките, но и да се излезе со детална програма на Владата и функционерите на власт за финансиско кратење на нивните привилегии и непродуктивни трошења.

Да почнеме со штедење не од работниот народ, туку од привилегиите на властодршците, со личен пример. Ќе предупредам парите во услови на ваква криза стануваат од ден на ден се поскапи, затоа што ги има се помалку. Задолжувањето до кое ќе се дојде доколку се чека премногу ќе биде со огромна камата и затоа треба да се направи рационален план за изнаоѓање на свеж капитал по најповолни услови што може да се обезбедат.

Нема ние како власта која тогаш беше опозиција да пишуваме писма за да го блокираме задолжувањето.
И сакам нешто да истакнам до Заев и Спасовски, независно што јас и ВМРО-ДПМНЕ ги предлагаме овие мерки, прифатете ги што побрзо, прифатете ги за доброто на државата и сите наши граѓани.

Прифатете ги, а јас ќе се откажам од сите политички ловорики кои вам ќе ви ги отстапам. Мене таква слава не ми треба, само прифатете ги и дејствувајте итно. На граѓаните и Македонија и треба помош и лидерство.

А јас ќе продолжам да се борам со предлози и активности кои ќе значат помош за граѓаните и економијата. А тоа го може и секој еден од вас кои ќе го прочитате ова писмо, едноставно е, да се однесуваме одговорно и совесно и останете дома, така ќе се заштитите себе си, но и другите. Што се однесува до економијата купувајте македонски производи и сигурно ќе спасите некое работно место.

И сосема на крај, сите оние кои мислат дека може да профитираат од оваа криза, трговци со респиратори, пченица и ококорени политичари бизнисмени треба да знаат “здравјето е вистинско богатство, а не парчиња злато и сребро“, а ќе дојде време да се одговара за тоа кој земал и злато и сребро на грбот на напатениот народ.

Но не е сега време за таа дебата, а ова го пишувам за да остане забележано и да се памети. Ова првенствено е писмо да ја разбуди совеста на оние кои управуваат со државата, да се ставиме над ситуацијата и да делуваме одговорно и одлучно. Ова е време на големи одлуки со кои ќе спасиме животи и ќе си ја заштитиме државата.

Мојот помал син утрово ме праша тато одново некоја битка, му одговорив, нашата никогаш не престанала овој пат не знам оваа колку долго ќе трае ама знам дека ќе победиме.

Заедно сигурно ќе победиме, затоа што ја сакаме Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија.

ЛЕВИЦА: Градоначалникот на Охрид да собере храброст да ја врши работата за која е избран!

Несреќната изјава на градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески,...

Мојот начин на заштита треба да биде сечиј начин на заштита. Јас сериозно ги следам препораките за чување на нашето јавно здравје.

Давкова со маска и ракавици во емисија: Мојот начин на заштита бил пропаганда, сум била смешна!

Вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова гостуваше во ТВ Алфа каде што зборуваше...