вторник, 26 мај 2020

MK/ EN/ DE



Вечерва по победата на македонската одбојкарска репрезентација упати честитка до одбојкарите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 септември, 2019 23:26

Мицкоски со порака за македонските одбојкари: Честитки за јуначката победа, Македонија е горда на вас

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со порака на својот Фејсбук профил упати честитки до македонските одбојкари.

Вечерва по победата на македонската одбојкарска репрезентација упати честитка до одбојкарите.

Честитки за јуначката победа на Македонските одбојкари. Црвено жолтата се брани со мотивираност, енергија, посветеност, чест и име.
Македонија е горда на вас. Во тешкото секојдневие на нашиот народ заеднички да се радуваме на уште победи! , стои во неговиот пост на Фејсбук.

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија е во осминафиналето на Европското првенство, откако со 3:1 (26:24, 30:28, 19:25, 26:24) ја победи Словенија сред Љубљана во последното коло од групата Ц.

Веднаш по победата најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев, беше еуфоричен и истакна дека секој од нив се борел до крај за триумф.

-Видовте ли како ги победивме среде Словенија? Во 2014 година двапати им водевме 2-1, а губевме 2-3, сега сè се врати. Имаме срце како планина. Местото ни е меѓу најдобрите 16 во Европа. Немаше слаб играч, играме сите, се бориме до крај, изјави капитенот.

Селекторот Никола Матијашевиќ го истакна добриот блок на нашите одбојкари, и додаде дека тоа е доказ за борбеноста на тимот. Тој си посака осминафинале во Нант против домашната Франција, земјата во која долги години работи во клупската одбојка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Денеска завршни зборови за случајот “Рекет”

Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција на денешното...

Од утре од 09 часот ќе биде отворена Зоолошка градина, но поради моменталната состојба со пандемијата од Ковид-19 ќе има нов протокол за движење и придржување кон мерките.

Од утре може да се дружиме со животните во скопската Зоолошка градина!

Заклучно од утре вратите на Зоолошката градина во Скопје ќе бидат отворени за посетители...