Во „Рекет“, како што вели ситуацијата е јасна како ден, и се знае кој е октоподот и кој е организатор на целиот случај.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 февруари, 2020 19:46

Мицкоски со став за „Рекет“: Јасна е таму ситуацијата, се знае кој е главата на случајот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со случајот „Рекет“ денеска на прес-конференција истакна дека обвинителството треба да постапува според словото на законите и вистинските обвинети во случајот да бидат изведени пред лицето на правдата.

– Сега е јасно зошто текстот на законот за јавно обвинителство требаше да биде таков каков што е, така што немам навистина што да додадам, освен тоа еве да апелирам до надлежните органи за транспарентна и целосна постапка поврзана со случајот „Рекет“ без разлика дали во тие ПИ мерки влегол братот, дали влегол другиот брат, дали влегол братучедот или некој друг, изјави Мицкоски

Во „Рекет“, како што вели ситуацијата е јасна како ден, и се знае кој е октоподот и кој е организатор на целиот случај.

-Не треба ние воопшто и да размислуваме ниту да одгонетнуваме ребуси. Јасно е што подразбира окотоподот наречен „Рекет“ во случајов, кој е главата на тој октопод. За жал го видовме вчера на повишен тон како бара правда во нашата држава, претпоставувам бара нова амнестија. Многу е јасно и на тие ПИ мерки, ова рекетирање станало семејна забава, па, гледаме не само Зоран Заев туку и неговиот брат се состанувал со еден од осомничените и осуден во овој случај. Сигурно не разговарале за романи и каква било поезија. Претпоставувам дека тема на разговорот биле бизнис интереси или бизнис зделки меѓу кои неминовна тема била сигурно и случајот „Рекет“, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека поранешниот премиер, и лидер на СДСМ, веќе неколку пати досега кажал дека се оградува за на крај,„да видиме дека притвореничката Јанева и одела во резиденцијата на претседателот на Владата“.

-Сигурно таму не се среќавала со некои од обезбедувањето, претпоставувам се среќавала со Зоран Заев, претпоставувам дека тема на муабетот биле разговори поврзани со случаите во Специјалното јавно обвинителство. Истовремено гледаме како веќе овој осудениот, кој што призна вина, одел во Владата, а претходно Зоран Заев ако сеќавате рече дека само еднаш се сретнал со тоа лице, кога овој му носел инвеститори во владата, а гледаме дека таму на задниот влез влегол сам без да биде придружуван од било какви инвеститори, рече Мицкоски.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

Сијарто во работна посета на Македонија- со себе донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Денеска на скопскиот аеросром вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи...

Трамп рече дека падот на бројот на загинати во Њујорк „може да биде добар знак“ и индикација дека Американците почнуваат да гледаат „светло на крајот од тунелот“.

ТРАМП: Гледаме светло на крајот на тунелот- Лекарите убедени дека следува најтешката недела во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изрази надеж дека е направено балансирање...