Претседател на Влада

Објавил: Калина Мартинска | 14 ноември, 2024 20:11

Мицкоски со црвен картон на локални, ќе оди на предвремени парламентарни

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ако добиеме црвен картон на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе оди на парламентарни, ќе се почитува волјата на граѓните, порача премиерот Христијан Мицкоски, по барањата на опозицијата за предвремени избори.

Вели тие не се како СДСМ и ДУИ, кои речиси три години против волјата на луѓето седеа во удобните владини фотелји, иако во 2021-ва тогашната власт доживеа голем пораз.

-Имаме избори локални следната година, граѓаните на тие локални избори ќе кажат дали се потребни парламентарни или не се парламентарни потребни, ако се потребни парламентарни, можеме веднаш потоа да организираме парламентарни избори. Ако тие речат црвен картон има Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ако ги изгласаат градоначалниците на ДУИ и СДСМ, тогаш јасна е пораката ние нема воопшто да ја игнорираме таа порака. Ние не сме СДСМ и ДУИ, кои што ја игнорираа пораката, изјави Мицкоски.

Анкетите во моментов покажуваат голема предност на власта пред опозицијата, Мицкоски вели дека тоа е доказ дека не се потребни предвремени избори, туку потребно е власта да помогне за растот на бизнисите и економијата.

-Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори и тоа е јасно и на сите анкети тоа се говори, дури има и такви минувачи што на улица ме среќаваат, кои што самите кажуваат дека повторно вас ќе ве гласаме, зошто да трошиме пари дајте да испорачаме тоа што е сработено. Ние треба да го испорачаме она што на овие луѓе, вистинските херои им е потребно, а на нив им е потребна клима за да може да водат бизнис, да инвестираат, да вработуваат луѓе, а со тоа да растеме како држава, изјави Мицкоски.

Дека предвремени избори не се потребни согласни се и од коалицијата Вреди. Од таму велат дека ДУИ мора да се реформира, а целта на ваквите барања и најавите за дестабилизација е да се сокријат можните криминали сторени минативе години.

-Со своите инсталации низ секоја институција, оваа партија има една мисија: прикривање на криминалите и поделбите во своите редови. Лагите на ДУИ пукаат како меур од сапуница. Вистината секогаш излегува на виделина, па поранешниот функционер на ДУИ Азем Авдиу ја откри големата вистина која ВЛЕН ја кажува долго време. На ДУИ му е потребно кадровски и програмски ремонт, велат од Вреди.

Очигледно работите во опозицијата во моментов се како што беа во минатото кога СДСМ и ДУИ беа власт, коага интегративците наликуваа на главен партнер во Владата. Предвремени избори прво почнаа да бараат од партијата на Ахмети, за веднаш по нив тоа го стори и СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.