Македонија
Фејсбук
Дозволете ми, во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите православни христијани во Македонија да им го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Овој празник на крштевањето на Исус Христос во светите води на реката Јордан ја има симболиката на духовното раѓање и прочистувањето.
Овој ден ја носи пораката на големата верба и надеж дека секое искушение и предизвик може да биде надминат ако сме водени од љубовта кон Бога, љубовта кон своите ближни, кон нашите пријатели и соседи.
Само во духот на милосрдието и посветеноста кон добрите дела, ќе црпиме сила за заеднички да го постигнеме напредокот на нашата татковина Македонија.
Вербата и сплотеноста, велат, планини поместуваат. Нашиот предизвик е заедно со народот оваа апатичност, безнадежност и секојдневните порази со кои денес живееме, да ги замениме со перспективност, развој и среќа на граѓаните. Нашата цел е да ја промениме тажната реалност, која поради нивната неодговорност и неспособност, елитите ја претставуваат како неизбежност.
Минатото нè учи дека ако се сака и ако се има верба во капацитетот на сопствениот народ, може да се направи подобро утре. Традицијата и заедничките вредности покажале низ историјата дека можеме заедно да градиме подобра иднина за сите.
Нека денешниот празник донесе мир, спокој, добро здравје и бериќет за сите во Македонија.
Бог се јави!
Нека е честит и за многу години големиот христијански празник Богојавление – Водици!
Христијан Мицкоски
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Фејсбук
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.