„Подолго време добивам неформални информации за моја ликвидација, вечерва полицијата ја немаше , а мистериозно се појави група од 10 луѓе.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јули, 2022 5:31

Мицкоски: Страв имам само од господ, вечерва ме наместија луѓе од власта ама не ме убија

Фото/Текст извор: ©мкд

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вонредната прес-конференција рече дека подолго време добива информации дека требало да биде ликвидиран, како и дека вечерва пиштолот кој го држеше човекот кој пукаше кога почна протестот, требало да биде вперен кон него.

Тој додава дека сето тоа било наместено од власта, бидејќи полицијата ја немало во моментот кога групата се појавила и еден од нив почнал да пука.

„Подолго време добивам неформални информации за моја ликвидација, вечерва полицијата ја немаше , а мистериозно се појави група од 10 луѓе. Беа испукани повеќе истрели кои за среќа не завршија во народот. Ваквото сценарио го најави власт. Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе има меѓуетнички тензии ако не поминел предлогот. Ковачевски и Спасовски градат милитантен контекст, имаше најава за молотови коктели, за жртви, и откако не им успеа веќе го достигнаа врвот во монструозноста каде требаше да се загуби човечки живот за да останат на власт. Видете го овој пиштол и видете го народот кој не му се плаши. Овој пиштол е е свртен кон народот. Тој беше насочен кон губење на невин човечки живот. На овие слики кои ги гледаме не е најважна етничката припадност, туку гледаме криминалци кои заедно со власта одат против народот. Немојте да се убедувате и да кажувате дека луѓето се од оваа или онаа политичка партија, туку тие имаат една страна , страната на криминалот. Мојата порака до Албанците е дека оваа борба е заедничка, наша и заедничка низ вековите”, изјави Мицкоски.

Тој рече дека се што до сега добил како закана било пријавено во МВР, но никој не постапил и веќе кренал раце. 

„Кренав раце и повеќе не пријавувам бидејќи нема ефект од тоа. Можеби сум единствен претседател на политичка партија кој нема обезбедување. Не барам и ако ми дадат нема да прифатам. Како татко и родител сум загрижен, но не се плашам. Се плашам само од еден, а тоа е господ. Продолжуваме утре уште побројни во 19 часот пред Владата. Ако го нема Христијан, ќе дојде друг, ама народот нема да се откаже. Нема чекор назад, одиме напред со народот, силно, мирно и со гордо крената глава. Ова се пораки на обединување, заедништво и смиреност, изминатиот период подолго време добивам информации, еден е Христијан, и да е тука и да не е тука, народот нема да се повлече”, додаде Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Вести

Судскиот совет работи нетранспарентно, судиите се избираат без почитување на ранг-листите и незаконски беше разрешена експретседателката Весна Дамева.

Со овие зборови судијката Мирјана Радевска-Стефкова ја образложи оставката на денешната седница, на која покрај нејзината, советот ја констатираше и оставката на судијата Зоран Герасимовски, кој рече идеолошките поделби со дел од членовите на советот се една од причините за оставката.

По прифаќањето на на оставките, советот формираше комисија за избор на нови членови на која за претседател го избра членот Ханиф Зендели. Токму Ханиф Зендели пак, на предлог на членот Ивица Николовски денеска беше избран за нов потпретседател, откако неговиот претходник Селим Адеми си поднесе оставка по контроверзното разрешување на Дамева. Со девет гласа за и еден против на чело на советот застануваат двајца судии, а новоизбраниот Зендели рече дека советот и во иднина треба да работи како поддршка за сите судии.

Оставките на Герасимовски и Радевска-Стефкова доаѓаат по во време кога холандскиот амбасадор во земјава го нарече советот нелигитимно тело, а претседателот Пендаровски изјави дека советот со овој состав се посрамотил во јавноста.

Советот изминатите месеци постојано е мета на скандали, па по контроверзното разрешување на Дамева следуваа бројни превирања, а неодамна и двајца членови на советот пријавија дека некој им претурал по работите во канцеларијата, инцидент за кој истрагата и натаму е во тек.

Ханиф Зендели избран за нов заменик претседател во Судскиот совет

Судскиот совет работи нетранспарентно, судиите се избираат без почитување на ранг-листите...

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија.

- Буџетот што го наследив, беше многу дефицитарен. Имаме барање од Кардиохирургија, претходно во разговор со професорот и други колеги и со ребалансот на буџетот сум подготвен да побарам да се зголеми тој буџет, со цел Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат подобро и да ги зголемиме позитивните резултати и да им излеземе во пресрет на пациентите, додаде министерот.

Тој нагласи дека Јовев ќе продолжи да биде вработен во Клиниката и ќе ја има неговата поддршка во понатамошното работење.

На денешниот брифинг со новинарите, стручни лица разјаснуваа дилеми околу разрешувањето на Јовев, што предизвика реакции во јавноста.

Меџити беше прашан што ќе биде со економскиот директор.

- За организациониот директор, ние пративме инспекција, тоа ги вклучува и двата директора, тие имаат одговорности и заеднички и посебни. За првиот одлучивме, деновиве ќе излеземе и со одговор за вториот, организацискиот директор, појасни министерот.

На новинарско прашање за неговата заменичка, која не се согласувала со одлуката на министерот за смена на Јовев, Меџити одговори дека нема да коментира изјави на други лица.

На брифингот беше посочено и дека Јовев не е единствениот разрешен директор, откога Меџити е на функција министер.

- Имаше промени во многу други здравствени установи, на медицински директори, организациски, некои си поднесоа самите оставка, а други беа разрешени, додаде Меџити, истакнувајќи дека и во иднина секаде ќе има инспекции и ќе се постапува според закон.

Меџити во понеделникот го разреши Јовев од должноста директорот на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, поради како што изјави вчера „утврдени нерегуларности во работењето“, нагласувајќи дека нема политика во неговото разрешување.

Јовев од своја страна вчера побара преиспитување на одлуката за негово разрешување, истакнувајќи дека државната Клиника за кардиохирургија не се утврдени нерегуларности.

- Да ги оставиме професионалците да си ја вршат својата работа. Успесите на оваа Клиника се успеси на државата и на Министерството за здравство, порача Јовев.

Апасиев: Јовев е разрешен затоа што е Македонец

Во врска со разрешувањето на д-р Јовев од функцијата директор на Кардиохирургија, коментар...