Болниците се полнат, медицинскиот персонал е преморен. Ова е тежок пораз за државата, а цената ја плаќаат граѓаните.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 ноември, 2020 21:11

Мицкоски: Тажен сум, Македонија никогаш не била во полоша состојба

Фото/Текст извор: ©курир.мк/Магазин.мк

Гледајќи ги денешните резултати од справувањето со корона вирусот сакам да ја споделам со Вас мојата тага, Македонија никогаш, никогаш не била во полоша состојба од денес, истакна  Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговото обраќање:

„Загубата на нашите најблиски, роднини и пријатели, за министерот и премиерот се само ноќна статистика. Но, сакам да ги потсетам дека тие луѓе кои ги губиме биле прекрасни родители, дедовци, работници, доктори или учители кои сме ги изгубиле засекогаш, и како семејства и како држава.

Апелиравме неколку пати да се ослободат хронично болните од приватниот и државниот сектор. Апелиравме за да ги заштитиме, но Заев и Филипче останаа глуви не знам од кои причини. Затоа треба да знаат дека секоја човечка загуба е дел и од нивната одговорност.

Болниците се полнат, медицинскиот персонал е преморен. Ова е тежок пораз за државата, а цената ја плаќаат граѓаните.

Нема доволно термини за тестирање, а Филипче кажува дека граѓаните доцна се пријавувале за третман. Јас им верувам, јас им верувам на граѓаните, но ми се чини дека министерот изгубил контакт со реалноста од држење прес конференции на кои ни ги кажува црните статистики и задоцнетите мерки.

Ве молам, останете дома ако немате потреба да излегувате. Бидете на сигурно, со вашите блиски. Носете маска и заштитете се. Ако владата не е способна да Ви помогне, помогнете си сами. Секој човек е важен, и животите не се бројки и проценти.

Македонија за жал е една земјите кои најлошо се справуваат со пандемијата во Европа. Кај нас неспособноста на владата е еднакво опасна колку и самиот вирус.

Бидете здрави и живи, чувајте се и помагајте си во овие тешки времиња за сите нас“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЗАСЕГА НЕМА ОДГОВОР КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЧЛЕНСТВОТО НА НАШАТА ТЕЛЕВИЗИЈА, КОЈ ОД ЧЛЕНОВИТЕ ОДНОСНО ОСТАНАТИТЕ ДИРЕКТОРИ Е ИНИЦИЈАТОР ЗА ВАКВАТА ОДЛУКА, И ЗОШТО АЛФА НЕ Е ИЗВЕСТЕНА ЗА ДА ИМА МОЖНОСТ ДА РЕАГИРА.

ММА ГО ЗАМРЗНА ЧЛЕНСТВОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА ВО АСОЦИЈАЦИЈАТА

МАКЕДОНСКАТА МЕДИУМСКА АСОЦИЈАЦИЈА ГО ЗАМРЗНА ЧЛЕНСТВОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА. СПОРЕД...

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

202 санкционирани возачи во Скопје, 22 за користење на мобилен, 17 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.) продолжи со засилените...

Натамошно надоградување на системот за правда за децата е дел од Акцискиот План на Министерството за правда за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за 2017-2022, а во тек на подготовка се измени на Законот за правда за децата.

Маричиќ: Судовите се помалку изрекуваат заводски воспитни мерки за децата во судир со законот

Министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати на панел дискусија на која се одбележа...

Убеден сум дека ќе имаме статистичка операција која ќе ги евидентира и ќе покаже релевантни и точни податоци, кои ќе ни помогнат за креирање на економските политики, рамномерни регионални планови за развој, соодветни политики во образование, култура, здравствена заштита.

Заев: Пописот е статистички процес неопходен на државата за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација...