На прес-конференција во партиското седиште, Мицкоски кажа дека „Рекет“ не е можен без поддршка и знаење на Заев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 август, 2019 14:59

МИЦКОСКИ: “Зоран Заев е во состојба да се откаже од сите за самиот да се спаси”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска рече дека „Рекет“ не е можен без поддршка и знаење на Заев.

На прес-конференција во партиското седиште, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, рече дека Катица Јанева сѐ уште го води компромитираното СЈО, и оти треба дополнително да се испита улогата и на сите останати обвинители и помошници и можноста за постоење други вакви случаи.

Објавените снимки, според Мицкоски, покажуваат дека СЈО и првиот човек се вмешани.

Јанева не е во притвор, може да избега, да влијае на сведоците и да го повтори делото. Нема правна држава. Ако ја имаше, Катица ќе беше во притвор, а главата на октоподот наместо со лисици на рацете немаше да се заканува на новинари и да забошотува криминали, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сакаше да ја унапреди за републички јавен обвинител, а другите обвинители од СЈО да продолжат во новото обвинителство. Сака компромитираното СЈО да го преслика во обвинителскиот систем. Тоа сака да го направи со закон. Тоа не може да помине, рече Мицкоски.

 Зоран Заев е во состојба да се откаже од сите за самиот да се спаси. Заев е должен да каже какви докази крие семејството на еден од осомничените, кој се е вклучен во белградската врска на мешетари и кои се луѓето што се офајдиле од куфер политиката. На што се должи заладувањето на реториката на Заев кон Јанева и Боки 13, изјави Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во „Рекет“, како што вели ситуацијата е јасна како ден, и се знае кој е октоподот и кој е организатор на целиот случај.

Мицкоски со став за „Рекет“: Јасна е таму ситуацијата, се знае кој е главата на случајот!

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со случајот „Рекет“...

Милошоски напиша дека во прилог на овој материјал ќе го достави и транскриптот од чија содржина,  „произлегува сомнеж за тоа дека Заев бил во тек со нелегалното финансирање на “Меѓународниот сојуз” на Бојан Јовановски.

Милошоски со нова “бомба”: Ќе доставам до Русковска досега не видени аудио материјали за „Рекет“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски најави нова бомба која утре како што објави...

На судиите, обвинителите и на поротниците им рече да се ослободат и дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски не им можат ништо.

“МАРШОТ ЗА ПРАВДА” ГО ПРЕДВОДЕШЕ ЗАЕВ: Ние го ослободивме судството, ама бурно го следиме

Под мотото „Чекориме за правда за сите“ СДСМ вчера маршираше од Собранието кон Кривичниот...