-Имаат агресивна медиумска кампања да создадат таква перцепција во јавноста, бидејќи политиката е перцепција, а не суштина. Има сериозна кампања, двајца соговорници од Брисел велат дека има три сериозни куќи кои работат за имиџот на Заев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 јули, 2021 7:47

Мицкоски: Три лоби куќи скапо платени со народни пари се грижат да ги покријат пљачките и криминалот на Заев пред светот, но неуспешно

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заев води кампања преку три сериозни лоби куќи, ако се скапо платени со народни пари, кои работат на неговиот имиџ да го покријат неговиот криминал пред светот и во Брисел, но тоа повеќе не му успева, бидејќи му заврши медениот месец сега го следат епитети дека е корумпиран, има криминал и лаже, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

-Имаат агресивна медиумска кампања да создадат таква перцепција во јавноста, бидејќи политиката е перцепција, а не суштина. Има сериозна кампања, двајца соговорници од Брисел велат дека има три сериозни куќи кои работат за имиџот на Заев.

Ние како партија проверуваме да ги обезбедиме документите кои се тие три куќи, дали се платени со лични, корпоративни, партиски или државни пари, да видиме кои се тие кои работат за овие луѓе, оти на крајот народот го плаќа цехот, потенцираше Мицкоски.

Тој вели дека влијателните политичари во Брисел велат дека медениот месец на Заев од Преспа е завршен и дека не може вечно да се вози на тоа.

Во Брисел разговарав со влијателни ликови од европската политика. Ова е нивниот одговор, мислеше дека неговиот меден месец со Преспа вечно ќе трае, но не е така. Три епитети има, дека е корумпиран, дека има многу криминал во државата и дека лаже. Преспа ја завршил за да се спаси во тоа време и да не оди во затвор, но не може на тоа вечно да се вози. Затоа ги добива овие три епитети. Проблемот е што ние како држава ги добиваме истите епитет, истакна Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Вести

Претходно, прашан во врска со заклучоците што ги донесе Советот на ЕУ во кои се вели дека ќе биде свикана втора меѓувладина конференција веднаш штом земјава ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени во согласност со внатрешни процедури, Мицкоски рече:

„Е сега ако ја гледаме Преговарачката рамка (со ЕУ) таму никаде експлицитно не стои дека ние мораме да го промени Уставот, никаде не стои. Заклучоците на Советот, ако Советот има добра и чесна намера кон Македонија, може да толкува дека Македонија ја завршила својата обврска, се случил процесот на гласање, но не може да бидат полноправно важечки се до моментот додека државата не биде членка земја на ЕУ. Ако тие сакаат навистина да ја видат Македонија, ова е обична формалност за која што ние се бориме и цениме дека, доколку навистина некој сака Македонија да ја види таму, тогаш тоа ќе го направи“

360 степени“ вчера потсети дека во Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан лани во јули, пишува:

„Владата на Република Северна Македонија се согласува следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство на Република Северна Македонија да се одржи откако во сила ќе влезе измената на Уставот на Република Северна Македонија за вклучување на оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивно спроведување“.

Во заклучоците што ги донесе Советот на ЕУ, пак, се „поздравува намерата на Северна Македонија да започне и да ги направи потребните уставни измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и се дел од други народи, како Бугарите“.

Мицкоски: За уставни измени со „одложено дејство“ ќе бараме гаранти да бидат ЕУ и САД

Ова го посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостувањето во...

Судскиот совет работи нетранспарентно, судиите се избираат без почитување на ранг-листите и незаконски беше разрешена експретседателката Весна Дамева.

Со овие зборови судијката Мирјана Радевска-Стефкова ја образложи оставката на денешната седница, на која покрај нејзината, советот ја констатираше и оставката на судијата Зоран Герасимовски, кој рече идеолошките поделби со дел од членовите на советот се една од причините за оставката.

По прифаќањето на на оставките, советот формираше комисија за избор на нови членови на која за претседател го избра членот Ханиф Зендели. Токму Ханиф Зендели пак, на предлог на членот Ивица Николовски денеска беше избран за нов потпретседател, откако неговиот претходник Селим Адеми си поднесе оставка по контроверзното разрешување на Дамева. Со девет гласа за и еден против на чело на советот застануваат двајца судии, а новоизбраниот Зендели рече дека советот и во иднина треба да работи како поддршка за сите судии.

Оставките на Герасимовски и Радевска-Стефкова доаѓаат по во време кога холандскиот амбасадор во земјава го нарече советот нелигитимно тело, а претседателот Пендаровски изјави дека советот со овој состав се посрамотил во јавноста.

Советот изминатите месеци постојано е мета на скандали, па по контроверзното разрешување на Дамева следуваа бројни превирања, а неодамна и двајца членови на советот пријавија дека некој им претурал по работите во канцеларијата, инцидент за кој истрагата и натаму е во тек.

Ханиф Зендели избран за нов заменик претседател во Судскиот совет

Судскиот совет работи нетранспарентно, судиите се избираат без почитување на ранг-листите...