Оваа година работникот и неговиот трудот како никогаш до сега е девалвиран и потценет. Оваа година е најцрната економска година за Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 1 мај, 2021 11:31

МИЦКОСКИ: ТРУДОТ И РАБОТНИКОТ НЕ БИЛЕ НИКОГАШ ТОЛКУ ПОГАЗЕНИ КАКО СЕГА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија да им го честитам 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.

Оваа година работникот и неговиот трудот како никогаш до сега е девалвиран и потценет. Оваа година е најцрната економска година за Македонија.

За една година во Македонија има над 60 илјади нови невработени, преку 6000 компании кои ставија клуч на своите врати и скоро 600 илјади лица живеат во сиромаштија. Згора на сето тоа животот станува се поскап, цените на основните намирници растат, поскапуваат горивата и струјата, а со тоа и трошоците на секое едно семејство. Безнадежноста и чувството дека се оставени сами на цедило го одбележуваат овој 1-ви Мај. 

Чувството на горчина кај секој од нас не е само поради падот на стандардот, туку и поради негрижата и лошите политики на оваа власт, кои не даваат надеж дека наскоро работите ќе се подобрат. Да, пандемијата влијаеше врз нашите животи, врз економијата и стопанството, но во Македонија црните економски статистики и колапсот се најизразени во споредба со целиот регион. Сликата со правата на работниците и нивниот стандард никогаш не била потажна и поцрна.

Мерките кои оваа влада ги превземаше беа или необмислени или задоцнети, па наместо конкретна помош се претворија во обична маркетинг шминка. Наместо ветуваните над милијарда евра помош, кај стопанството и кај работниците завршија само трошки. Токму затоа имаме состојба во која кај елитата на празничните трпези ќе има златни лажици, а кај најголемиот дел од народот живот на вересија. Затоа кај истата таа елита гледаме скапи мотори и хациенди, а кај огромно мнозинство на граѓаните грижи како да ги платат сметките, како да ги вратат кредитите и како да врзат крај со крај во месецот.

Ќе се обидат со розови очила, статистички акробации, празни флоскули и излитени ветувања да убедуваат дека работникот живее подобро или повторно да ветат дека ЌЕ донесат живот, но тоа секој работник, секој чесен и честит граѓанин ниту го чувствува, ниту ќе го почувствува со оваа неспособна, неодговорна и најкорумпирана власт во Европа. 

Време е тоа да се промени. Време е поразите и неуспесите да се заменат со чесна работа, посветеност и стратегија која ќе донесе добробит, подобар стандард и вреднуван труд“ напиша во честитката лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

На средбата, која се совпадна и со пристигнувањето на првите количини од 4.850 дози од одобрените вкупно 119.213 вакцини „Фајзер“, премиерот Заев изрази благодарност за помошта во времињата на решавање на предизвиците што ги наметна пандемијата и го оцени овој гест како голема порака за европската солидарност.

Заев на средбата со Вархеји: Европеизацијата е нашата агенда на патот кон ЕУ, а поддршката со вакцини е голем гест на европската солидарност

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера го прими еврокомесарот...

Оваа хуманитарна акција се организира како замена за традиционалната Ифтарска вечера, која и оваа година мора да биде изоставена поради пандемијата со корона вирусот.

Охрид денеска донираше 100 хуманитарни пакети на Исламската верска заедница за социјални семејства

Во духот на меѓусебното почитување, соживотот и заедничкото одбележување на верските...

Скоро еден месец во Македонија полицискиот час трае од 20 часот навечер до пет часот наутро и исто толку не работат кафе баровите, рестораните и кафаните.

За Велигден и за Рамазан Бајрам нема да има полициски час

Велигден и Бајрам без полициски час само на денот на празнувањето, од 28 април полицискиот...