Мицкоски во својот пост вели дека ако некој сака да остави белег во Скопје, тогаш тоа нека бидат работите кои ќе ги создаде за Скопје, а не оние кои ќе ги руши.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јули, 2020 10:48

Мицкоски: Универзалната сала е плод на солидарноста и еден од симболите на Скопје!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска и лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот официјален фејсбук профил се огласи по објавата на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов дека ќе се руши универзалната сала.

Мицкоски во својот пост вели дека ако некој сака да остави белег во Скопје, тогаш тоа нека бидат работите кои ќе ги создаде за Скопје, а не оние кои ќе ги руши.

„Универзалната сала е плод на солидарноста и еден од симболите на Скопје. И Скопје не секогаш ги имало најдобрите решенија, но секогаш имало душа и срце за големи работи. Салата не е само објектот, туку и спомените на скопјани и нема роден скопјанец чиешто детство и младост не се поврзани со Универзалната сала. Затоа нејзиното рушење не е опција. Ако некој сака да остави белег во Скопје, тогаш тоа нека бидат работите кои ќе ги создаде за Скопје, а не оние кои ќе ги руши.“

За потсетување, скопјани се кренаа на нозе откако пред неколку дена во јавноста протече документ за Конкурс за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за отворена летна сцена со парк „Универзална“, кој го објавил град Скопје.
Колку ќе чини реализацијата на проектот не се открива во огласот, затоа што сега се избира идејното решение. За тие кои ќе го понудат се предвидени награди, односно 180.000 денари за првонаграденото решение, 120.000 за второт и 60.000 денари за третонаграденото решение. Идеите треба да се достават до 28 август годинава.

Вчера и поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски се огласи по повод рушењето на Универзалната Сала.

Ти оставив готов проект. Бев кај вашиот министер Алаѓозовски му го однесов проектот и го замолив да започне градбата но проектот не продолжи. Се прашував зошто луѓево не ја градат Универзална ???

За јавноста да се запознае подобро ќе и ги посочам следниве факти :

Универзална сала се наоѓа во градската четврт 3 11 а во истата четврт е и поранешата фабрика “Треска”. Пред извесно време јавноста ја брануваше деталниот урбанистички план за “Треска” во кој се предвидуваат 50 згради. За да се оствари процентот на зеленило во оваа градска четврт можеби се жртвува Универзална сала на чие место треба да има парк а со тоа на просторот на Треска се добива поголем кофициент на изграденост.

Почитувани Скопјани ако е така се прашувам ова ли е тоа “Скопје – чекор по чекор” ???

Наздравје

P.S. За потсетување каков проект oставив и како требаше да изгледа до сега конгресниот центар “Александар Македонски” со главна универзална сала “Тоше Проески”, Напиша Коце Трајановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.