Да одиме кон иднината, а не пасивно да ја чекаме таа иднина, за тоа што ако пасивно ја чекаме иднината никогаш нема цврсто да зачекориме кон иднината.

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2021 22:12

Мицкоски: Формализирање и поддршка за тргување со крипто валути и обезбедување на 750 евра просечна плата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Ќе се осврнам на понудата која што навистина ќе биде новитет и атрактивна за македонските граѓани, обидот да бидеме пионери или меѓу првите во регионот кои што ќе понудат таков пристап во трговијата со крипто валутите и „Blockhain“ технологијата, нешто што денеска многу млади луѓе не само во Македонија туку и во регионот, Европа, САД претставува сериозен исчекор кон иднината.

Да одиме кон иднината, а не пасивно да ја чекаме таа иднина, за тоа што ако пасивно ја чекаме иднината никогаш нема цврсто да зачекориме кон иднината.

Ќе ве потсетам во 90-тите години кога се случуваше интернет револуцијата, технологијата на интернетот и револуцијата која што пристигна заедно со интернетот претпоставувам многумина кои што беа современици во тоа време малку веруваа дека тоа ќе биде успешен проект’, појасни претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во општина Карпош.

Мицкоски додаде дека пред презентација на тоа како ВМРО-ДПМНЕ сака да се формализира и даде поддршка на крипто валутите би се осврнал и на корумпираното време во кое што граѓаните живеат по вина на власта предводена од СДСМ.

Ние сме апсолутно свесни дека пред нас се клучни и одлучувачки локални избори, за кои што најверојатно треба да зборуваме на многу локални теми и ќе зборуваме во деновиве кои што следат. Локалните теми многу зависат од начинот и пристапот во политиките н централната власт. Ако вие немате владеење на право, ако сте 111-тата држава на ранг листата на „Транспаренси Интернешнл“, ако сте вие најкорумпираната држава во Европа каде што имате најкриминализирани политичари во власта вие не можете да очекувате ниту странски, ниту домашни инвестиции кои што ќе креираат нови работни места, добро платени работни места, и луѓе кои што наместо да имигрираат и да се иселуваат од Македонија ќе останат тука“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски потсети како власта промаши со ветувањето за 500 евра плата. Власта не овозможи пристојни услови за живот. За тоа ВМРО-ДПМНЕ преку планот и концептот и политиките „Македонија за сите луѓе“ умее и знае и развива методологија како до минимум просечна плата од 45.000 денари.

Мицкоски во текот на трибината за крипто валутите посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го формализира пазарот за крипто валути и со тоа ќе се овозможи над половина милијарда евра да завршат во Буџетот. Тоа се половина милијарда евра за образование, за инфраструктура, за болници.

Токму овој проект на ВМРО- ДПМНЕ ќе донесе развој на Република Македонија, овој проект ќе биде за  добробит за граѓаните и за државата. Наместо полиња со марихуана ќе имаме модерни технологии и повеќе пари за народот. ВМРО-ДПМНЕ нуди политики за 21 век, а СДСМ Македонија ја враќа со политики од 19 век.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Цвеќиња ќе положат и делегации на Собранието и Претседателот на државата, како и претставници на политичките партии.

Чествувањето на Илинден 2021 во Меморијален центар АСНОМ во Пелинце (Во живо)

Оваа година на 2 Август – Денот на Републиката во Пелинце говор ќе одржи премиерот...

На поканата на Пендаровски за прославата позитивно одговорил лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Претседателот во Крушево го очекува и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот ги кани сите политички лидери за Илинден на Мечкин камен

Стево Пендаровски од годинава најави нов концепт на прослава за 2 август. На прославата...

Претседателот Мицкоски истакна дека со оваа реформа ќе се овозможи кратење на времето за кое граѓаните чекаат за услугите, но и ќе се прекине со уцените и злоупотребите.

Мицкоски: Дигитализација на услугите на општините за ефикасност, нема да има чекање со месеци за одреден документ

Дигитализација на услугите на општините за ефикасност и ефективност, за граѓаните...