Хан во посета на земјава

Објавил: Узунов Бобан | 25 јули, 2019 12:23

Мицкоски-Хан: Власта нема волја за справување со корупцијата и сомнежите за криминал !

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, закочените европски интеграции и политичкиот дијалог во земјава, информираат од партијата.

Претседателот Мицкоски изрази загриженост поради застојот во европските интеграции и недобивањето на датум за преговори. Мицкоски ја истакна и загриженоста поради отсуството на волја кај владата во справувањето со  растечкиот криминал, скандалите и висока корупција која е присутна во највисоките ешалони на власта.

-Сериозните скандали го рушат кредибилитетот на земјава и ја подриваат правната држава загрозувајќи ја и европската иднина, повлече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека немањето на волја за справување со корупцијата и сомнежите за криминал се гледа и во предлог законот на премиерот Заев за организирање на обвинителството каде наместо непристрасна борба против корупцијата се нудат решенија кои ќе бидат алатка за политички притисоци и заштита на криминалот. Мицкоски ги истакна забелешките на предлог законот за обвинителство посочувајќи дека ниту еден криминал не смее да остане имун на правдата и дека на тој план не се потребни компромиси.

Во однос на европската перспектива на земјава Мицкоски посочи дека граѓаните не треба да бидат казнети поради лошите политики на неодговорната власт и затоа ВМРО-ДПМНЕ смета дека е потребно да се додели датум за преговори со Европската Унија што би било и дополнителен механизам за контрола на власта.

Воедно Мицкоски истакна дека услов за нова лидерска средба и дијалог со власта за повеќе прашања е одредување на датум за предвремени парламентарни избори како начин за враќање на процесите на вистинскиот правец и обезбедување на европска иднина за Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ги цени напорите и заложбите на Европската Унија за напредок на земјава и нејзиното инсистирање за реформи кои ќе бидат за добробит на граѓаните на Република Македонија. Тој посочи дека европската иднина на државата е единствената алтернатива за вистински напредок и низ еден партнерски однос со Унијата економски и политички да се унапредува нашето општество.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска...

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост...

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...