Тој јавно упати апел до претседателот на Собранието Талат Џафери, да ја свика Комисијата за избори именување е функционална.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 февруари, 2022 9:30

МИЦКОСКИ: ЧАС ПОСКОРО ДА ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Одговорно е час поксоро да има предвремени избори зашто државата тоне во економска криза и КОВИД пандемија, луѓето ги губат своите животи, енергетската криза тропа на врата, образованието е катастрофално, а буџетскиот дефицит за самo 40 дена е повеќе од 11,2 милијарди денари, рече вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Не би можел да издвојам ниту еден параметар што не движи во правилна насока. Затоа, одговорно е да имаме предвремени избори и ќе го повторувам тоа додека политичарите во Владата не се освестат и не излезат за да видиме каква е довербата на народот, истакна Мицкоски по посетата на Ѓорче Петров.

Тој јавно упати апел до претседателот на Собранието Талат Џафери, да ја свика Комисијата за избори именување е функционална. Како што рече, одговорајќи на новинарски прашњања, Парламентот е функционален, а седницата на Комисијата не се закжќува зашто веројатно некому му е страв.

Комисијата за избори и именувања е функционална, не гледам причина зошто Џафери не ја свика за предлозите што се на дневен ред. Тоа што сега не ја свикуваат, се плашат зашто нивните партизирани судии најверојатно нема да бидат избрани, зашто не се сигурни во мнозинството. Овојпат не можат да киднапираат пратеници и да ги чуваат натаму – наваму. Го повкувам Џафери уште денеска да ја закаже Комисијата за избори и именувања, таму си ма пратеници кои ќе си гласаат по сопствено убедување. Не се согласувам дека Собранието не е функционално, има 120 пратеници, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Министерот Бујар Османи неколку дена одбива да го објави Протоколот со Бугарија, иако претходно изјави дека е спремен веднаш, штом Владата го одобри предлогот, да организира средба со бугарската страна и да го потпише.

ОСМАНИ ГО КРИЕ ПРОТОКОЛОТ ЗАТОА ШТО ПРЕДВИДУВА УЧЕБНИЦИТЕ ДА СЕ ПИШУВААТ ВО БУГАРИЈА

ОСМАНИ ГО КРИЕ ПРОТОКОЛОТ ЗАТОА ШТО ПРЕДВИДУВА УЧЕБНИЦИТЕ ДА СЕ ПИШУВААТ ВО БУГАРИЈА! Министерот...

Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.

СДСМ: Мицкоски нема чувство за државност и одговорност

Предлогот на француското претседателство е објавен и граѓаните можат да се уверат...

Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли.

Отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности. ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара.

Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите.

Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство.

ДОМ - Канцеларија за односи со јавноста

ДОМ: Ќе ја напуштиме Владата ако се прифати францускиот предлог

На денешниот состанок на Извршниот одбор на ДОМ во проширен состав, се разгледуваше...

Од владејачката партија СДСМ пак порачаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да се откажеод блокади и опструкции, бидејќи прашањето за избори е затворено и тие ќе се одржат во 2024 година!

ВМРО најавува протести низ цела држава, СДСМ им порачува да се откажат

ВМРО-ДПМНЕ најавува протести низ цела држава ако не се исполни нивното барање, да се...