-Две опции се во игра.

Објавил: Перо Милчин | 6 ноември, 2021 9:01

Мицкоски: Чекаме оставка на Заев, две опции се во игра

Фото/Текст извор: ©магазин

Формиравме парламентарно мнозинство кое гарантира дека оваа влада на СДСМ е минато, изјави вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој најави дека ќе поднесат барање за изгласување на недоверба на владата, ако Зоран Заев не ја поднесе најавуваната оставка.

-Две опции се во игра.

Првата е новото парламентарно мнозинство да избере политичка влада која ќе продолжи со реформскиот процес, пред се во борбата против корупцијата, реформи во здравството, образованието, интеграциите. Втората опција е, ако не успееме да формираме такво мнозинство, да одиме на нови парламентарни избори – рече Мицкоски.

Додека пак лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук-профил објави дека е во постојана комуникација со сите политички партии освен со оние кои се против Охридскиот договор и евроатлантската иднина на земјата, со цел менаџирање на состојбата создадена по оставката на премиерот и лидер на коалицискиот партнер СДСМ Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Министерот Бујар Османи неколку дена одбива да го објави Протоколот со Бугарија, иако претходно изјави дека е спремен веднаш, штом Владата го одобри предлогот, да организира средба со бугарската страна и да го потпише.

ОСМАНИ ГО КРИЕ ПРОТОКОЛОТ ЗАТОА ШТО ПРЕДВИДУВА УЧЕБНИЦИТЕ ДА СЕ ПИШУВААТ ВО БУГАРИЈА

ОСМАНИ ГО КРИЕ ПРОТОКОЛОТ ЗАТОА ШТО ПРЕДВИДУВА УЧЕБНИЦИТЕ ДА СЕ ПИШУВААТ ВО БУГАРИЈА! Министерот...

Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.

СДСМ: Мицкоски нема чувство за државност и одговорност

Предлогот на француското претседателство е објавен и граѓаните можат да се уверат...

Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли.

Отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности. ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара.

Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите.

Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство.

ДОМ - Канцеларија за односи со јавноста

ДОМ: Ќе ја напуштиме Владата ако се прифати францускиот предлог

На денешниот состанок на Извршниот одбор на ДОМ во проширен состав, се разгледуваше...

Од владејачката партија СДСМ пак порачаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да се откажеод блокади и опструкции, бидејќи прашањето за избори е затворено и тие ќе се одржат во 2024 година!

ВМРО најавува протести низ цела држава, СДСМ им порачува да се откажат

ВМРО-ДПМНЕ најавува протести низ цела држава ако не се исполни нивното барање, да се...