Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето во Дневникот на Сител рече дека ќе предложи до Извршниот комитет на партијата да се разгледа можноста за барање за референдум за уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во Уставот.

Објавил: Перо Милчин | 17 јули, 2022 21:12

Мицкоски ќе бара референдум за уставните измени

Фото/Текст извор: ©360/магазин.мк

Мицкоски ќе бара референдум за уставните измени!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето во Дневникот на Сител рече дека ќе предложи до Извршниот комитет на партијата да се разгледа можноста за барање за референдум за уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во Уставот.

Рече дека граѓаните треба да си го кажат своето мислење, но дека првиот чекор ќе биде собирање на 150.000 потписи.

„Треба да излезат на референдум и да кажат дали се ‘за’ или не се ‘за’ овие измени коишто Владата ги потпиша после овој дипломатски нокаут и капитулација. Но, да излеземе најпрво како партија со став, па тогаш јавноста ќе има повеќе детали. Но, тоа е следната иницијатива којашто планирам да му ја предложам на Извршниот комитет, веднаш по враќањето и повторното функционирање на Собранието. По летните одмори да отпочнеме иницијатива за собирање на 150.000 потписи и да направиме референцумско изјаснување на граѓаните“, рече Мицкоски.

Прашан дали доколку граѓаните се изјаснат против уставните измени Северна Македонија би можела да се врати назад во процесот, Мицкоски вели дека референдумот би бил задолжителен за политичарите.

„Народот е суверен и политичарите го црпат својот кредибилитет од народот. Народот е тој што е суверен владетел во оваа држава, не ние политичарите. Тоа што сега Бујар Османи потпишал протокол, тоа не значи дека е сѐ завршено. Тоа јас и вчера го кажав на прес-конференцијата, бидејќи преговарачката рамка не е усвоена. Преговарачката рамка ќе се усвои откако ќе се случат уставните измени. Ако народот на референдум каже ‘Нема уставни измени’ – нема. Тогаш ќе бараме друга преговарачка рамка. Тогаш и Европа ќе знае дека народот рекол оти не прифаќа нови уставни измени и ќе мора во преговарачката рамка членот 5 кој се повикува на Договорот за добрососедство и членот 12 од Договорот за добрососедство да биде тргнати од таму, па да разговараме за некои други услови“, вели Мицкоски.

Според него, народот не треба да очајува и да губи надеж бидејќи процесот сѐ уште не е завршен.

„Потпишал Бујар Османи. Во ред, така одлучил, Албанија требала да почне преговори итн. Но, за Македонија  и за македонскиот идентитет не е завршена работата. Не е усвоена преговарачката рамка, а на референдум ако народот каже ‘нема менување на Уставот’, тоа е тоа. На Европа во Брисел ќе им кажеме: ‘Луѓе, народот така одлучи, ве молам, дајте ни друга преговарачка рамка’“, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Вести

Судскиот совет работи нетранспарентно, судиите се избираат без почитување на ранг-листите и незаконски беше разрешена експретседателката Весна Дамева.

Со овие зборови судијката Мирјана Радевска-Стефкова ја образложи оставката на денешната седница, на која покрај нејзината, советот ја констатираше и оставката на судијата Зоран Герасимовски, кој рече идеолошките поделби со дел од членовите на советот се една од причините за оставката.

По прифаќањето на на оставките, советот формираше комисија за избор на нови членови на која за претседател го избра членот Ханиф Зендели. Токму Ханиф Зендели пак, на предлог на членот Ивица Николовски денеска беше избран за нов потпретседател, откако неговиот претходник Селим Адеми си поднесе оставка по контроверзното разрешување на Дамева. Со девет гласа за и еден против на чело на советот застануваат двајца судии, а новоизбраниот Зендели рече дека советот и во иднина треба да работи како поддршка за сите судии.

Оставките на Герасимовски и Радевска-Стефкова доаѓаат по во време кога холандскиот амбасадор во земјава го нарече советот нелигитимно тело, а претседателот Пендаровски изјави дека советот со овој состав се посрамотил во јавноста.

Советот изминатите месеци постојано е мета на скандали, па по контроверзното разрешување на Дамева следуваа бројни превирања, а неодамна и двајца членови на советот пријавија дека некој им претурал по работите во канцеларијата, инцидент за кој истрагата и натаму е во тек.

Ханиф Зендели избран за нов заменик претседател во Судскиот совет

Судскиот совет работи нетранспарентно, судиите се избираат без почитување на ранг-листите...

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија.

- Буџетот што го наследив, беше многу дефицитарен. Имаме барање од Кардиохирургија, претходно во разговор со професорот и други колеги и со ребалансот на буџетот сум подготвен да побарам да се зголеми тој буџет, со цел Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат подобро и да ги зголемиме позитивните резултати и да им излеземе во пресрет на пациентите, додаде министерот.

Тој нагласи дека Јовев ќе продолжи да биде вработен во Клиниката и ќе ја има неговата поддршка во понатамошното работење.

На денешниот брифинг со новинарите, стручни лица разјаснуваа дилеми околу разрешувањето на Јовев, што предизвика реакции во јавноста.

Меџити беше прашан што ќе биде со економскиот директор.

- За организациониот директор, ние пративме инспекција, тоа ги вклучува и двата директора, тие имаат одговорности и заеднички и посебни. За првиот одлучивме, деновиве ќе излеземе и со одговор за вториот, организацискиот директор, појасни министерот.

На новинарско прашање за неговата заменичка, која не се согласувала со одлуката на министерот за смена на Јовев, Меџити одговори дека нема да коментира изјави на други лица.

На брифингот беше посочено и дека Јовев не е единствениот разрешен директор, откога Меџити е на функција министер.

- Имаше промени во многу други здравствени установи, на медицински директори, организациски, некои си поднесоа самите оставка, а други беа разрешени, додаде Меџити, истакнувајќи дека и во иднина секаде ќе има инспекции и ќе се постапува според закон.

Меџити во понеделникот го разреши Јовев од должноста директорот на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, поради како што изјави вчера „утврдени нерегуларности во работењето“, нагласувајќи дека нема политика во неговото разрешување.

Јовев од своја страна вчера побара преиспитување на одлуката за негово разрешување, истакнувајќи дека државната Клиника за кардиохирургија не се утврдени нерегуларности.

- Да ги оставиме професионалците да си ја вршат својата работа. Успесите на оваа Клиника се успеси на државата и на Министерството за здравство, порача Јовев.

Апасиев: Јовев е разрешен затоа што е Македонец

Во врска со разрешувањето на д-р Јовев од функцијата директор на Кардиохирургија, коментар...