Новата програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе не воспита и ќе не направи културни.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 6 март, 2020 11:17

Мицкоски: Ќе ве превоспитам, ќе ве образувам и ќе ве направам покултурни

Фото/Текст извор: ©магазин

При презентирање на партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата Христијан Мицкоски, со низа ветувања се обрати пред македонската јавност. Списокот на сегменти во кој ќе интервенира е долг. Мицкоски ја обвини претходната влада предводена од СДСМ дека направила големи пропусти што се однесува пред сè до образованието и културата. Па затоа, најави дека на просветните работници и на припадниците од неговата професорска фела ќе им ги зголеми платите.

Во образованието ќе се вложува со тоа што ќе се мотивира кадарот со покачување на плати подобро да ја воспитува и образува младината. Овој капиталистички концепт на разбирањето на наставничката и професорската професија е целосно отстапување од идеал-типската рамка на тоа од што треба да бидат мотивирани наставниците и професорите. Прво тие се даскали на нацијата и ја имаат најблагородната улога од сите други. Од нив најмногу зависи каков ќе биде изгледот на општеството. Ако етичката должност не ги повикува да бидат мотивирани, тогаш во колку пари ќе се измери нивниот ангажман значи дека тие ќе ја воспитуваат младината дека се може да изнесе на пазар и да продаде. Вредноста на нештата во капиталистичко општество ја одредува пазарот и се заборава на иманентната вредност на човекот. Затоа одеднаш нормална појава станаа: проституција, трговија со органи, дрога, силиконски кралици и други појави кои историјата не ги бележи како нормални.

Мицкоски ќе не образува и ќе не превоспитува и ќе ни потплаќа даскали да не учат подобро, бидејќи нашите ја утнале работава со нас

Додека Мицкоски кокетира со гласовите на неговите колеги, Филозофски Факултет во Скопје уште нема читална. Студентите на најстариот факултет ги користат читалните од Правен или Економски Факултет кои се исто така во очајна состојба. Лабораториите и истражувачката дејност во Македонија е очајна токму поради тоа што фокусот се става на наставната дејност. И бидејќи се очекува од човек кој е инсајдер во образованието да ги знае сите проблеми и да настојува правилно да ги реши, тој и понатаму инвестира во наставната дејност на високото образование, а не во истражувачката. Цела македонска нација подучувачи и пресвети мудреци, никој не учи и сослушува, само предава и продава.

Бети душо, кај тебе да не е милиончето?

Освен инвестиција во образованието, Мицкоски најави дека ќе ја воскресне македонската култура. По низа реакции кон Министерството за Култура дека неправилно ги распределува средствата за проектите од областа на културата, Мицкоски се најде повикан да го брани достоинството и честа на културните дејци. Поради тоа ќе гради нови театри низ Македонија, да ја наследи традицијата на претходната гарнитура, бидејќи нели „Скопје 2014“ ни го донесе најкичестиот театар во Европа – Македонскиот Народен Театар во ново руво. Се изградија фасади и споменици, се вложија грдни пари за култура, фасадите не го преживееа ни првиот дожд, ни првиот ветер. По секое невреме само слушате обвинувања, објектите што ги граделе овие по ветерот уште имале кровови, оние на другите немале и обратно. Проектот за култура се заврши, Бети се шпекулира дека си лапнала париче, да не биде гонета си кажа „да“ на седницата на која се гласаше промена на уставно име. Додека сите си местат амнестија на орговорност, во архивата на граѓаните останува сочувано се што некој некогаш направил и добро и лошо.

Ќе се градат центри на култура оти постоечкиве се малку да не направат покултурни, ќе ги именува со имиња од историјата на ВМРО (бугарско крило), за некоја година по смена на власта ќе добијат имиња на некој борец од ОНА, се е тоа во духот на едно општество. 

По 2014, ќе имаме 2024, ама сега со нови театри, културни центри, споменици извишени до небо. Се е тоа култура, што разбираме ние сељаците тука, само сме научиле на критицизам. Нам ни треба образование и култура, да не воспитаат, да не дотераат во умовите, да можеме тогаш тек да го разбереме тоа што тие го прават за „наше добро“. Театри ќе се изградат толку колку што се изградија и патишта со претходната влада и се донесоа инвестиции. Празните флоскули на Заев и Апостолска станаа хит. Единот не знаеше да одговори кои патишта ги изградиле, другата не наброја ниту една странска инвестиција. Ама битно има и едното и другото. Каде ли се само? Можеби во нивните глави и бујна машта.

Што и да е, си имаме ние глумец што се кандидира за главна машка улога и ќе си изгради театар за секоја наредна претстава да е негова. А ние? Ние како и до сега ќе бидеме неми посматрачи и публика која на ова голема трагедија, се однесува како да следи комедија и со смеење и аплауз го испаќа секој претходен глумец.

Автор: Стојмановиќ Магдалена 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

На мое големо изненадување, во коментарот на владата на Зоран Заев, што го пренесува државната новинска агенција МИА, нема директно и јасно отфрлање на овој текст.

Ќе прифатите ли да бидеме бугаромакедонци?! Пендаровски? Заев? Ало другарчиња, изјаснете се!

Бугарите можат да си мислат и да прават што сакаат, но ние Македонците не можеме и не...

Затоа што тоа е право на самоопределување, тоа е чувство. И не постои договор кој што го договара начинот на тоа како се чувствувам, и каков јазик ние зборуваме. И на крајот, тоа е европска вредност.

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ! Вели Заев, во Ресен, на 5...