Мицкоски истакна дека тие се уште даваат шанса да се истражи процесот и да се изведе пред лицето на правдата она кое што треба да биде изведено, односно она кое што е опфатено, контаминирано со овие случаи и тоа е навистина тест дали ние сакаме да имаме правна држава или не.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 октомври, 2019 11:30

Мицкоски: Ќе изнесеме се што имаме за случајот Рекет доколку случајот се заташка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонското радио истакна дека партијата ќе даде шанса за случајот Рекет, но доколку се злоупотреби процесот ќе ги изнесат на виделина сите докази кои ги поседуваат.

Ова е втора, шанса првата СЈО видовме како неславно заврши, сега имаме втора можност со друга политичка елита, тоа е аферата Рекет, па Рекет 2, Рекет 3 и така натаму, да видиме дали навистина имаме владеење на правото и дали навистина има желба за да се врати владеење на правото.

Доколку видиме дека е злоупотребен и контаминиран целиот овој процес, односно  наместо да рефлектира правда, ќе рефлектира неправда, тогаш ќе мораме ние на граѓаните  да им ги презентираме фактите со кои што ние располагаме, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонското радио.

Како што вели Мицкоски тие се уште даваат шанса да се истражи процесот и да се изведе пред лицето на правдата она кое што треба да биде изведено, односно она кое што е опфатено, контаминирано со овие случаи и тоа е навистина тест дали ние сакаме да имаме правна држава или не.

– Ова е втора шанса, првата СЈО видовме како неславно заврши, сега имаме втора можност со друга политичка елита, тоа е аферата Рекет, па Рекет 2, Рекет 3 и така натаму, да видиме дали навистина имаме владеење на правото и дали навистина има желба за да се врати владеење на правото. Засега морам да признаам, а врз основа на она кое што ние го имаме како информација, не е ни одблиску до нашите очекувања за една фер и транспарентна постапка. Го следиме внимателно процесот и од внатре и од надвор, му даваме шанса, не сакаме да се протолкува како влијание во процесот, потенцираше  Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Политика

Пратеникот Мисајловски нагласи дека ваквиот начин на носење на закони за коридорите ќе отвори пандорина кутија во иднина а покрај тоа и целата фела е против, коморите се против, и сите бараат јавна дебата а владата бега од јавна дебата.

Мисајловски: Власта сака да го суспендира законот за градење, целата фела е против, коморите се против, владата СПИЕ

Да направам споредба со неколку други автопати и слични договори за автопати. Првата...

Орбан претходно изјави дека европските земји „како месечари на покривот“ постојано балансираат на работ на војна со Русија.

Орбан: Украина не може да победи без директно учество на војската на НАТО

Украина не може да победи на фронтот без директно учество на силите на НАТО и затоа...

Тој додаде дека започнува градбата на на 100 мегавати сончева електрана во Осломеј, а потоа следат и инвестиции како голема фотонапонска електрана Стипион од 400 мегавати, со развој на агрикултура од реноминараната француска компанија АКУО, изградбата на голема ветерна електрана Вирови, од реномираната германска компанија WPD.

Ковачевски од Струмица: Членството во НАТО носи инвестиции во енергетиката

„Сериозно сме посветени на инвестициите во енергетиката, бидејќи тоа е клучно во...