Мицкоски додаде дека денес во Парламентот пратеничката група се состои и од пратеници на кои што им е прв мандат.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 септември, 2021 6:03

Мицкоски: 14 луѓе загинаа во Тетово и уште се мислат за оставки

Фото/Текст извор: ©маагзин.мк

Во вчерашното гостување на ТВ Шења претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека 14 луѓе загинаа во Тетово и уште се мислат за оставки, за овој случај Мицкоси истакна дека лично гарантира дека нема да се смири додека не излезе вистината на виделина.

„Ако очекувате тие луѓе да поднесат оставки, ако очекувате тие луѓе да бидат тргнати јас ви кажувам дека нема да бидат тргнати, затоа што ја видовте онаа преписка на директорите поставени од СДСМ, во таа една група која што излезе во јавноста каде што еден од нив им вели „Ако падне Венко, паѓаме сите“ замислете 14 луѓе живи изгореа и тие видете како размислуваат.

Што повеќе вие очекувате од тие луѓе? Кои што патем речено сите положиле Хипократова заклетва. Апсолутно овој случај нема да биде вака затворен како што е сега и ако мислат тие дека вака ја решиле работава како сега јас ви гарантирам дека тоа нема така да биде. Јас лично додека функционирам политички нема да смирам додека вистината не излезе на виделина, и тоа им го ветив на семејството коешто го посетив“, истакна Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија. И генерации и генерации на наши сограѓани поминале низ структурите на ВМРО-ДПМНЕ, многу пратеници, многу министри, многу директори, многу активисти, многу членови, луѓе кои што навистина оставиле сериозен печат во функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија“, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во емисија на ТВ Шења.

Мицкоски додаде дека денес во Парламентот пратеничката група се состои и од пратеници на кои што им е прв мандат.

„Во Парламентот имаме една пратеничка група која 90% е на пратениците им е прв мандат. Нормално е дека имаме и неколкумина поискусни поради потребата од институционалната меморија“, појасни Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Тој одлучи да настапи како независен кандидат без да ја почека одлуката на матичната партија СДСМ, која после тоа го исклучи од членството, а во Куманово одлучи да истрча со Оливер Илиевски.

Димитриевски: Пола МВР е во Куманово

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во вечерашното...

Еден од нив е Охридскиот мировен договор, кој е целосно имплементиран и е модел, кој покажува дека со малцинските прашања најдобро може да се справиме со зајакнување на локалната самоуправа.

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа...

Во случајот со разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски се работеше за спроведување на Законот за спроведување на К-5 Програмата, односно за распоредување на работни задачи на административни службеници, кои се примени на работа, земаат плата, а не работат“, рече премиерот!

Функционерите се должни да преземат политичка одговорност, вели Заев

Заев: Функционерите се должни да преземат политичка одговорност, да ги спроведуваат...