
Свет
Балкан
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, чија земја, не исполни речиси ништо од преспанскиот договор, го потсети, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го користи уставното име на државата, во сите негови говори, или во спротивно, ќе го покрене ова прашање, на самитот на НАТО.
„Очекувам, кандидатот за премиер на Македонија, јавно, на јасен и категоричен начин, да изјави дека го почитува договорот од Преспа, и дека уставното име на неговата земја, ќе се користи, и внатрешно, и во надворешната комуникација“, рече Мицотакис.
Според грчкиот премиер, во моментов е утврдено, дека „намерата на ВМРО ДПМНЕ во пракса, да го оспори името и нагласи, дека Грција, тоа нема да го прифати. За тоа, дали конкретното прашање, ќе биде покренато, на самитот на НАТО во Вашингтон, во првата половина на јули, Мицотакис одговори позитивно, и посочи, дека „ова ќе биде прва можност, да се биде на форум, со новиот премиер на Македонија.’
„Ќе повторам, нити талибански имам намера да се однесувам, ниту очекувам во 21. век талибанско однесување од било кој политичар и можеме не само таму, туку и на било кој форум да отвориме дебата па да видиме кој колку реализирал од Преспанскиот договор, иако не би сакал да го губам времето убедувајќи се, со моите колеги кој колку реализирал“ – рече Мицкоски.
Мицотакис испраќа пораки, во кои провејува тон на закана, а самиот тој, во интервју, пред две недели, порача дека, ратификацијата на договорот од преспа, ги обврзува двете држави, да го спроведат, а Грција, се уште, шест години по потпишувањето, ги нема ратификувано трите меморандуми за соработка.
Прочитај и ова:
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.