Свет
Саеми
Употребата на името Македонија и придавките македонски/македонско за економски цели е едно од прашањата кои останаа отворени и по Преспанскиот договор, ова го соопшти грчкиот премиер Мицотакис синоќа на саем во Солун.
Мицотакис рече дека начелно е предвидено ниту една од земјите да нема ексклузивитет при нивната употреба, но деталите треба да ги договори меѓу државната комисија за трговски марки и стопанските комори од двете земји во следните три години,
„Апсолутен наш приоритет, за тоа многу пати имаме разговарано и со префектот, е заштита и зајакнување на македонските производи со формирање и меѓународно сертифицирање на еден колективен бренд за нив.
Ќе го заштитиме брендот ‘Македонија’, вистинската Македонија, автентичната Македонија и ќе го поддржиме со една голема комуникациска кампања. За производите, ова ќе ги наведува, веќе без сомнежи, нивниот квалитет и нивното потекло наспроти секој конкурент. Конкретниот модел успешно беше испробан и за производи од Крит и да им даде нов импулс на производите од Македонија на пазарите во странство“, вели Мицотакис.
Во 75-минутното обраќање на Мицотакис, тој акцентот го стави на развојот и економијата, како клучни за секој чекор на земјата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Саеми
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.