
Македонија
Вести
Раскараните сопартијци од ВМРО – ДПМНЕ не зборуваат ниту во судница, но таму уште се слушаат „бомбите“ во кои договараат како да ги добијат локалните избори во 2013 година.
Обвинетите во случајот „Титаник“ не разговараат меѓу себе на паузите, а особено очигледно е одбегнувањето на своите сопартијци од страна на поранешниот шеф за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ, пратеникот Илија Димовски.
Во еден од разговорите Сашо Мијалков (директор на УБК 2006 – 2016 година) несмасно открива можност и интенции дека не само што знаел дека на домашен терен не го прислушкуваат туку и дека го реализира прислушкувањето во Македонија.
Имено во еден од разговорите, Мијалков зборува претпазливо, бидејќи е надвор од државата, и вели „Сега сум на туѓа мрежа, да не зборувам многу оти не знам кој ме слуша“.
„Титаник“ е еден од најобемните предмети на Специјалното јавно обвинителство, поделен во три подпредмети а се однесува на изборните нерегуларности.
Во овој случај им се суди на речиси целото поранешно раководство на ВМРО – ДПМНЕ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.