Живот
Култура
МКЦ распиша ПОВИК за уметници што сакат да партиципираат со проекти од областа на визуелните и применетите уметности, како дел од програмските активности на МКЦ за 2021 година.
На повикот можат да се пријават автори, куратори, уметнички групи/колективи, уметнички и културни организации и институции.
Учесниците ќе бидат селектирани врз основа на поднесените апликации, за кои ќе одлучува комисијата и програмскиот колегиум на МКЦ. Квалитет, иновација, потреби од МКЦ и карактер во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.
Со цел да земат учество на повикот, апликантите не треба ништо да печатат, носат во архивата на МКЦ или праќаат по пошта – доволно е само уредно да ја пополнат апликацијата онлајн преку следниот линк
https://mkc.mk/aplikacii/aplikacija-likovna-2021/
Повикот за аплицирање е отворен најдоцна до 17 февруари 2021.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Култура
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.