МКЦ во 2020 година стана дел од уште еден голем европски проект, SCENERGIES, кој се базира на градење одржливи стратегии за креативни меѓународни активности помеѓу музички сали, кои делуваат на локалната сцена.
Проектот има за цел да ја потенцира важноста на концертните сали и музичките културни центри како главни промотери за развој на млади таленти во Европа, кои претставуваат не само т.н. „инкубатори“ за бендови, туку играат и витална улога во развојот на здравиот урбан еко-систем.
Покрај ЈУ Младински културен центар, како партнери во проектот се музичките клубови Sala X (Шпанија), Le Grand Mix (Франција), 4AD (Белгија) и музичкиот клуб Močvara (Хрватска). Проектните активности ќе се реализираат во текот на 2021 година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.