Телевизија Алфа поради неговата исклучителна сила одучи да го номинира Марко Пејчиновски за „Светската награда за млад хуманист“, а членовите на интернационалното жири едногласно одлучија ова признание да му биде доделено нему.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јануари, 2020 10:56

Младиот херој Марко добитник на „Светската награда за млад хуманист“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Го препознавате младиот херој кој со сите сили се бореше со брановите на Охридското Езеро, само за да ја подигне свеста за лицата со ретки болести.

Станува збор за Марко Пејчиновски кој годинава си постави цел, да преплива 64 км долж Охридското езеро. Поради болка во нозете, Марко не можеше да издржи и по препливани 12 километри мораше да се откаже. Но 13-годишниот Марко е вистински херој на кого цела Македонија се восхитува. Тој имаше голема поддршка од цела држава воодушевувањето за неговиот подвиг беше на сите социјални мрежи. Корисниците на мрежите со позитивни коментари некои од нив напишаа дека Марко е нивниот херој. Веста за неговиот подвиг беше топ тема на сите медиуми.

Охриѓанецот Марко Пејчиновски се откажа за време на новиот предизвик кој го постави минатото лето да го преплива триаголникот Охрид – Свети Наум – Струга поради силни болки во ногата.

Телевизија Алфа поради неговата исклучителна сила одучи да го номинира Марко Пејчиновски за „Светската награда за млад хуманист“, а членовите на интернационалното жири едногласно одлучија ова признание да му биде доделено нему.

„Исклучителната сила на неговиот карактер, неговата моќ да ја сподели љубовта со сие што страдаат, беше основната причина на нашата определба да му го доделиме ова високо меѓународно признание. Неговата воља  за победа над ретките болести и хендикепот на тие што се вклучени во битката за здравје, е исклучителна чест што треба да биде признаена во македонското општество, и нашето Интернационално жири се приклучува во тој голем морален чин. Доделувајќи му го ова признание, Интернационалното жири на „Светската награда за млад хуманист“ го одбележува и со специјалната назнака дека Марко Пејчиновски е всушност интернационална млада надеж за 2020 година.“

Неговиот успех е уште позначаен ако се знае дека има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но и покрај тоа, лани го исплива маратонот од Св. Наум до Охрид и стана најмладиот пливач со таков успех.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Министерот одговори на прашањето кое можеби и најмногу ги интересира грашаните, и рече дека за сега илипче не е планирано да се воведе полициски час на ниво на држава, без оглед на епидемиолошката слика. Тој посочи дека и натаму ќе продолжат да се казнуваат оние кои нема д аносат маска бидејќи за него е неприфатливо да не се почитуваат мерките.

Филипче во Топ Тема: Јануари ќе биде најризичен период за корона вирусот!

Најризичен период кој следува со корона вирусот е месец јануари, смета министерот...

Од Кривичниот суд за „Фокус“ потврдија дека доцна попладнево им стигнала пресудата од Врховен суд и бидејќи претходно веќе имало издаден упатен акт за затворската казна која не беше реализирана поради нејзиното барање за утврдување на законитоста на првостепената пресуда, одлуката на Врховен за затворската казна е ефективна.

НАЈНОВА ВЕСТ: Јанкулоска спроведена во затворот „Идризово“

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска доцна попладнево е...