Македонија
Трагедија
Ноќеска младо момче од околу 29 години починало откако бил донесен на скопските клиники каде што докторите констатирале дека има сепса. Според извори од клиниката, лекарите не успеале да го спасат.
Неофицијално, пред неколку дена лицето имало хируршки зафат на хемороиди во приватна здравствена ординација која се наоѓа во Карпош.
Државниот санитарен и здравствен испекторат за „Макфакс“ потврди дека имало ваков случај и додадоа дека вршат вонреден испекциски надзор во приватната здравствена ординација за да утврдат дали има пропусти во интервенцијата кај младиот човек.
Обновено 20.00 ч.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат го соопшти името на ординацијата каде што му била извршена интервенција на 29 годишно момче кое што вчера почина во Градската општа болница„ 8 Септември“. Станува збор за ПЗУ „Јанита“ која се наоѓа во општина Тафталиџе. Иамето на втората каде што лекарот изнајмил операциона сала се уште не се соопштува бидејќи таму, се уште трае инспекцискиот надзор. Неофицијално, лекарот кој што ја извршил интервенцијата на хемороиди, доаѓал дома кај момчето кое после операцијата добило висока температура, за да му дава инфузија.
Кој е хирургот Звонко Николовски?
Хирургот Ѕвонко Николовски кој го оперирал 29 -годишнито момче кое вчера починало од компликации со сепса во изнајмена операциона сала во една приватна клиника во населбата Аеродром, е истиот хирург кој во 2007-та година бил правосилно осуден за земање мито од страна Основен Суд – Скопје 1, кога работел во Градската Општа Болница „Св. Наум Охридски“.
Хирургот Николовски има историја на земање мито за правење операции и во претходните години, но, за таквото дејствие се до 2007-та не бил осуден. По пресудата, кратко продолжува да работи во Градската Болница, а потоа се префрла во приватни поликлини и ординации на релација Скопје – Тетово.
Сепсата е состојба која многу сериозно го загрозува здравјето и понекогаш може да доведе до фаталeн исход. Пред 20-тина години дијагнозата сепса редовно означувала состојба на основната болест која го загрозува животот. Денес, тоа не секогаш е така сериозна состојба и тоа од едноставна причина – дијагнозата на сепса во поново време се поставува во рана фаза на болеста, што значи, почесто од порано. Тоа не е затоа што болеста е почеста, туку во минатото за прогласување на септична состојба кај пациентот се чекало да се развијат сите уверливи клинички знаци на сепса.
Денес, дијагнозата на сепса, односно сомнежот за септична состојба се поставува веќе при постоење на први знаци, а тоа е т.н. типична септична крива на температурата. Се работи за висока телесна температура над 38 степени која обично се појавува наеднаш во попладневните или вечерните часови, за да подоцна (со употреба на лекови за намалување на температурата или без нив), падне на нормални вредности.
Септичната температура е само прв знак за можна сепса, но таа никако не значи дека навистина сепса постои. Сепак, опишаната температура која секојдневно се повторува на два-три дена и повеќе, бара лекарска консултација.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Трагедија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.