Од Министерството посочуваат дека последните податоци од Израелската ЕКМО Асоцијација покажуваат дека сите хоспитализирани, критично болни пациенти кои се приклучени на апарат за животна поддршка во земјата се помлади од 60 години и без примена вакцина.

Објавил: Владо Марин | 26 август, 2021 7:56

Младите се на удар на четвртиот бран поради ниската стапка на вакцинација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од Министерството за здравство (МЗ) наведуваат дека се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста. Од таму наведуваат дека на удар на четвртиот бран се младите, а причина за сѐ поголемиот број заразени меѓу оваа популација е ниската стапка на вакцинација.

– Меѓу последно евидентираните хоспитализиции и смртни случаи предизвикани од компликации на ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта мутацијата на вирусот.

Ниската стапка на вакцинација во рамки на младите групи е она што, за жал, е причина сè поголем број на заразени да бидат токму младите, кои доколку не се имунизирани можат да развијат тешка форма на болеста, која пак може да доведе до хоспитализација, а некогаш и до смртен исход – велат од министерството.

Од таму наведуваат дека недоволно високиот степен на имунизација, особено кај младата популација, е причина и за сè поголемиот број на хоспитализации во светски рамки.

Потпирајќи се на природниот имунитет и добрата здравствена состојба, младите лица ја одбиваат или пролонгираат имунизацијата, со што се изложуваат на значително висок ризик од инфекција, а во случај на заразување сè почесто развиваат и тешки симптоми и компликации, бидејќи не се соодветно заштитени – велат од МЗ.

Од Министерството посочуваат дека последните податоци од Израелската ЕКМО Асоцијација покажуваат дека сите хоспитализирани, критично болни пациенти кои се приклучени на апарат за животна поддршка во земјата се помлади од 60 години и без примена вакцина.

ЕКМО технологијата (екстракорпорална мембранска оксигенација) во Израел се користи во особено критични случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, а во моментниот, четврти бран на ковид-19, од вкупно 31 невакцинирано лице приклучено на ЕКМО апарат, петмина починале, сите под 60-годишна возраст.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Починале по 2 лица од Скопје (67г и 79г), Крива Паланка (67г и 76г) и Куманово (73г и 74г) и по едно лице од Македонска Каменица (82г), Охрид (80г), Прилеп (74г), Пробиштип (64г) и Штип (70г).

МЗ: 11 починати и 135 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие...

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (63г, 71г, 72г, 75г, 81г и 85г), 2 починати лица од Битола (63г и 80г) и по едно починато лице од Штип (69г), Кратово (71г), Струмица (57г) и Охрид (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани се 406 новозаболени со Ковид-19, починале 18 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно...