Непартиската организација со граѓанска иницијатива

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 август, 2018 14:21

Млади за Македонија со потписи за нов “татковински” Референдум

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Непартиската организација “Млади за Македонија” ја повикува македонската јавност за организирање нов “Татковински” Референдум” за заштита на уставното име на Република Македонија – македонскиот јазик и идентитет.

“Млади за Македонија” на својата фејсбук страна објавиja дека почнува иницијатива за собирање на потписи за “Татковински референдум” за заштита на уставното име и против Преспанскиот договор. Организацијата планира да го оневозможи нелегитимниот –  манипулативен Референдум најавен од власта за 30-ти септември.

“Татковинскиот спротивставувачки референдум е директен одговор на договорот потпишан од шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција на 17 јуни 2018 година во селото Нивици – Грција кога е направена е непроценлива штета на сметка на македонскиот народ и со кој се брише она за што низ векови македонскиот народ се борел: неговата татковина – јазик – идентитет – култура и историја” – пишува во повикот на “Млади за Македонија”.

Тие истовремено повикуваат и на бојкот на референдумот што е иницијатива која е почната од пред неколку месеци и активно доби поддршка од илјадници приврзаници ширум земјата. За свикување на “Татковинскиот референдум” ќе бидат потребни 150.000 потписи од граѓаните на Maкедонија за да се распише за заштита на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот - но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата.

Пратеничката на СДСМ Стојчевска позитивна со целосна заштитна КОВИД-19 опрема во Собрание

Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на...

Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви.

Трајче Заев од Дубаи: Комбето со марихуана не е во сопственост на фирма на Заеви и ниеден од уапсените не е вработен во фирма на Заеви

По обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи Трајче Заев, братучед на премиерот...

Од Обвинителството, пак, денеска официјално излегоа со кратко соопштение во кое велат дека е правен претрес во повеќе објекти, но ниту потврдија ниту демантираа дека е откриен дополнителен имот на експремиерот.

Груевски: Живеев во два стана на мајка ми, другите два ги користев со договор за закуп

Од Обвинителството, пак, денеска официјално излегоа со кратко соопштение во кое велат...