
Свет
Трагедија
Како што писшува Курир.рс, во тешка сообраќајна несреќа која синоќа се случила во Мокри Долови загинал 32-годишниот М. А. од Требиње додека ги возел гостите по свадбата.
Како што известуваат српските медиуми две лица се потешко, а две полесно повредени во синоќешната несреќа. Од полицијата е е потврдено дека сообраќајната несреќа се случила 40 минути после полноќ, кога автомобилот во кој бил младоженецот, од засега непознати причини, излетал од патот.
Како што пишува „Курир.рс“ несреќниот младоженец загинал на кружниот тек кој со новата обиколница е изграден пред само еден месец, па соседите велат дека можеби погрешно завртел.
Според неофицијални информации, животот го изгубил М. А. (32), кој живее и работи во Белград, а во родниот крај дошол да се ожени. Тој ги возел гостите од својата венчавка и во населбата Мокри Долови излетал од патот, потоа удрил во ѕид и загинал.
Повредената девојка во оваа несреќа има тешки повреди на градниот кош и е задржана на лекување, додека едно од повредените лица се здобило со фрактура на колкот.
Младоженецот живеел и работел во Белград, а во родниот крај дошол за да се ожени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.