Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се уште нема детали ниту било какви други информации за можната причина за самоубиството, но се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 август, 2020 17:54

Младо момче се обеси на кејот на Вардар!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Трагедија ги потресе скопјани откако вчера во 19: 56 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на р.Вардар во Скопје, во близина на ФФМ, било пронајдено обесено машко лице на возраст од околу 25 години.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се уште нема детали ниту било какви други информации за можната причина за самоубиството, но се преземаат мерки за расчистување на настанот.


Уште едно самоубиство се случи вчера во главниот град.

Безживотното тело било пронајдено во гаража во семејната куќа.

„На 06.08.2020 во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во скопско село  27-годишно лице во гаража го пронашло обесен неговиот 51-годишен татко“ соопштуваат од полиција.

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. 


Како што објави МВР во дневниот билтен, вчера, на 06.08.2020 во 15,30 часот во СВР Скопје, Ѓ.Б.(77) од Скопје пријавила дека во 09.00 часот телефонски ѝ се јавиле две непознати лица кои ја известиле дека нејзините ќерка и зет во нас.Аеродром со возило прегазиле дете, при што едното лице се понудило да помогне како сведок на настанот, за што ѝ биле побарани пари. По одредено време на улица во нас.Гоце Делчев во Скопје пристигнало патничко возило, со скопски регистарски ознаки, во кое имало две лица, по што Ѓ.Б. на едното му дала 52000 денари. Подоцна пријавителката исконтактирала со нејзиниот син, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Станува збор за дете кое имало неколку тешки заболувања, пред една година врз малиот пациент биле направени повеќе операции, тоа имало тумор на мозок, хидроцефулус, вродена непроодност на цревата за што се направени повеќе хируршки интервенции.

Почина две годишно дете на Клиниката детска хирургија

УК за Детска хирургија во Скопје, до Центарот за социјални грижи и до СВР Скопје пријави...

-Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид-центарот во Тетово. На повредените им посакувам успешно закрепнување, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.

Пендаровски: Сочувство до семејствата на починатите, на повредените им посакувам закрепнување

Претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејствата...