Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е подготвен денеска да одобри 1,4 милијарди долари итна помош за Украина за да и помогне да одговори на руската инвазија, изјави извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева.
Таа на форум организиран од „Фајненшл тајмс“ рече дека тоа е дополнителна сума по 700-те милиони долари што ММФ и ги плати на Украина во декември и 2,7 милијарди долари резерви за итни случаи од август минатата година, пренесe Ројтерс.
Претставници на ММФ се вклучени во секојдневни разговори со украинските власти за да им помогнат да се справат со економската криза предизвикана од руската инвазија и да ангажираат финансиска поддршка и ресурси.
Георгиева оцени дека е рано да се предвидува какво влијание ќе има руско-украинската војна врз глобалната економија, како и сеопфатните санкции што САД и нивните сојузници и ги воведоа на Русија по агресијата врз Украина.
Таа предвиде рецесија како „веројатен исход“ од санкциите наметнати на Русија.
Пакет заеми и поддршка во вредност од 723 милиони долари во понеделникот одобри Извршниот одбор на Светска банка во Украина, потсетува британската агенција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.