Некои портали објавија дека го немало македонското знаме

Објавил: Калина Мартинска | 16 септември, 2024 15:16

Многу спинови и за посетата на Мицкоски во Загреб

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На фотографиите направени при неколкуте настани што се одвивале за време на официјалната посета на македонската делегација на Загреб, што ги испрати Владата до медиумите на 29 август, се гледа македонското знаме. Тврдењето на опозициските портали дека Мицкоски се фотографирал без македонското знаме е спин, а за тоа сведочи и фотографија на Мицотакис со Пленковиќ, на идентичната сцена за фотографирање, единствената на која и тој и Мицкоски се без своите државни знамиња

Обид за дефокусирање и создавање погрешна перцепција во јавноста, дека македонските делегации при посетите во странство не се протоколарно испочитувани, се написите во некои медиуми во кои се тврди дека при неодамнешната посета на премиерот Христијан Мицкоски на Хрватска, тој се фотографирал со неговиот колега Андреј Пленковиќ без македонско знаме.

Напротив, на фотографиите направени при неколкуте настани што се одвивале за време на официјалната посета на македонската делегација, што ги испрати Владата до медиумите на 29 август, се гледа македонското знаме.

Македонското знаме се гледа поставено и при дочекот на премиерот Мицкоски на црвениот тепих, на масата при средбата на делегациите, како и на заедничката прес конференција на двајцата премиери.

Само на една фотографија, каде што премиерите седат, во аголот се гледаат само хрватско знаме и знаме на Европската Унија.

Објавувајќи ја оваа фотографија, како и фотографија на која Мицкоски и Пленковиќ стојат пред знамиња на Хрватска и на ЕУ, портали блиски до опозицискиот СДСМ тврдат дека „и Мицкоски во Хрватска се фотографирал без македонско знаме“.

Тврдењето на медиумите го демантира и следната фотографија направена на истото место, но сега помеѓу Кирјакос Мицотакис и Пленковиќ, зад кои исто така има само хрватско и ЕУ знаме, но не и грчко знаме.

Премиерот Мицкоски беше задоволен од неговата прва официјална посета на Хрватска.

– Сакам да се заблагодарам на мојот драг пријател премиерот на хрватската Влада, господинот Андреј Пленковиќ, за гостопримството, за убавиот разговор, за прекрасната атмосфера којашто ја имаме овде во Загреб. И убеден сум дека братските односи помеѓу македонските и хрватските граѓани и во иднина ќе бидат на едно исклучително високо ниво, а ние како две влади ќе продолжиме да работиме за зголемување на соработката помеѓу граѓаните на двете држави – рече тогаш Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.