Најново метео

Објавил: Сара Фемина | 21 јуни, 2022 5:47

МНОГУ ТОПЛО ВРЕМЕ СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО ОКОЛУ 40°C – ВО СРЕДА И ЧЕТВРТОК ОПАСНОСТ И ОД ПОЈАВА НА НЕВРЕМЕ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка, во следниот период температурите ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Сепак во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.

Поголеми услови за нестабилност, и на повеќе места ќе има во среда и во четврток, кога ќе има услови за локална појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

И во Скопскиот регион во следниот период ќе биде МНОГУ ТОПЛО, со максималните температури кој ќе се искачуваат во интералот од 34 до 37 степени, но сепак во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, особено во среда и во четврток кога во делови од котлината ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ.

УВ – ИНДЕКСОТ во следниот период ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

нализа околу ова следува овие денови.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.

СВЕЖИ УТРА, ПА ПОВТОРНО НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО ВРЕМЕ – НОВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ДЕТАЛИ…

Од денес, па се до петок следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до...