Најново метео

Објавил: Сара Фемина | 30 мај, 2022 8:56

МНОГУ ТОПОЛ АФРИКАНСКИ БРАН ПОВТОРНО ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Во следните денови ќе има МНОГУ ВИСОКИ температури!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево иТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Попладне ќе има услови и за изолирана краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана и краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, истите ќе бележат тенденција на позначителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 35 степени, додека во најтолите предели температурите се очекува данадминат 35 степени. УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и во следните денови ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитат од лошото влијание на сонцето овие денови.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Сепак утре и во четврток во попладневните и во вечерните часови на МНОГУ МЕСТА ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ВНИМАВАЈТЕ: ТРОПСКИТЕ ГОРЕШТИНИ ПРОДОЛЖУВААТ – НО ДОАЃА ГОЛЕМО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ!

Многу високите температури на воздухот продолжуваат и понатаму и во следните денови...

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат дури и над 42 степени.

МАКЕДОНИЈА ВО ОПАСНА ФАЗА ПОРАДИ ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ – ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА И СЛЕДНАТА СЕДМИЦА!

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе...

Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 30 л/м2), со што можни се и локални поплавувања.

ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН БРАН, МНОГУ ДОЖД И ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ!

Голема промена на времето и тоа под влијание на ГОЛЕМ ВЛАЖЕН воздушен бран ќе има во...