„Мојата голема турнеја почнува со концерт во Скопје, затоа што Македонија ми е среќен знак и многу ја сакам. Дојдов тука да покажам што знам после 30 години кариера, а не да заработам“ – Јелена Карлеуша изјави дека го сака нашиот народ и е возбудена што тука ќе започне турнејата.
Јелена Карлеуша е во посета на Скопје по повод концертот кој ќе се одржи на 19.10 во Арена „Јане Сандански“, а таа најави дека токму тука почнува нејзината голема турнеја.
На прес-конференцијата која се одржа денес, таа модно издоминира во целосно црно издание, со сако со длабоко деколте, а стајлингот го надополни со црни очила за сонце, златен часовник и бразлетна од познатиот бренд Alhambra.
Музичката ѕвезда изјави дека е многу возбудена поради тоа што нејзината концертна турнеја „Алфа и Омега“ започнува токму во Скопје и навистина ѝ драго поради тоа бидејќи Македонија ја доживува како нејзин „среќен знак“.
Мислам дека Балканот уште не видел ваква продукција и ваков тип на концерт. Јас не дојдов во Скопје да заработам, ниту да се обогатам, јас сум богата жена, а во Македонија, ниту кај нас не може никој да се обогати, туку само да се покаже. Па така, доаѓам и јас на терен каде се цени музиката да покажам после 30 години кариера што знам“, изјави Карлеуша.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.