Во наредните недели ќе бидат сменети и членовите на интердисциплинарната Комисија на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, чие формирање беше предвидено со договорот од Преспа.
Факт е дека тие досега и не завршиле некоја работа, брифираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и додаваат дека на претстојното Генерално Собрание на ОН во Њујоркн ќе се одржи билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција.
Минатата недела кадровски се промени составот на Мешовитата македонско – бугарска комисија за историски и образовни прашања. Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека поважно од прашањето кога македонските и бугарските историчари ќе седнат на заедничка маса за да ја продолжат дебатата за спорните историски личности во македонските учебници, е разговорите да течат во добрососедски дух и да нема погрешни одлуки.
Ванчо Георгиев е именуван за претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија
Извори од МНР додаваат дека шефот на дипломатијата и премиерот оваа недела во Брисел ќе имаат средби со лидери од регионот, но ќе остварат и билатерални средби со високи претставници на ЕУ, на кои, додаваат изворите, ќе ги презентираат „нашите клучни аргументи од гледна точка на стратешката определба на Владата“.
Поранешните членови на Историската комисија се жалат на притисоци
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.