Најостро го осудуваме овој чин, како евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза меѓу граѓаните во двете држави, како и да се нанесе штета на угледот на државата, велат од Министерството за надворешни работи.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 ноември, 2020 7:27

МНР најостро ја осудува објавата на социјалните мрежи со палење знаме на Бугарија

Фото/Текст извор: ©Магазин/kanal 5

Осуди и оградувања за палењето на знамето на Република Бугарија кое што може да се види на видео објавено на Фејсбук од профил именувак како ВМРО ДПМНЕ УМС Гази Баба.

Најостро го осудуваме овој чин, како евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза меѓу граѓаните во двете држави, како и да се нанесе штета на угледот на државата, велат од Министерството за надворешни работи.

Министерството го осудува секој чин на сквернавење на било чии националните симболи, вклучувајќи ги тука и симболите на соседна Република Бугарија, како и секој друг вид на израз на омраза кој не соодветствува со суштинските односи меѓу двете земји, се вели во реакцијата.

Од чинот се оградија и од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, станува збор за шовинистички и удбашки методи кои ги спроведува власта и кој се насочени кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Ниту УМС ниту ВМРО-ДПМНЕ стои зад тој ФБ канал кој патем е формиран пред еден ден и има за намера да го оттргне вниманието на јавноста од катастрофата во здравството и политичката криза по добивањето на вето од источниот сосед.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЗАСЕГА НЕМА ОДГОВОР КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЧЛЕНСТВОТО НА НАШАТА ТЕЛЕВИЗИЈА, КОЈ ОД ЧЛЕНОВИТЕ ОДНОСНО ОСТАНАТИТЕ ДИРЕКТОРИ Е ИНИЦИЈАТОР ЗА ВАКВАТА ОДЛУКА, И ЗОШТО АЛФА НЕ Е ИЗВЕСТЕНА ЗА ДА ИМА МОЖНОСТ ДА РЕАГИРА.

ММА ГО ЗАМРЗНА ЧЛЕНСТВОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА ВО АСОЦИЈАЦИЈАТА

МАКЕДОНСКАТА МЕДИУМСКА АСОЦИЈАЦИЈА ГО ЗАМРЗНА ЧЛЕНСТВОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА. СПОРЕД...

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

202 санкционирани возачи во Скопје, 22 за користење на мобилен, 17 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.) продолжи со засилените...

Натамошно надоградување на системот за правда за децата е дел од Акцискиот План на Министерството за правда за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за 2017-2022, а во тек на подготовка се измени на Законот за правда за децата.

Маричиќ: Судовите се помалку изрекуваат заводски воспитни мерки за децата во судир со законот

Министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати на панел дискусија на која се одбележа...

Убеден сум дека ќе имаме статистичка операција која ќе ги евидентира и ќе покаже релевантни и точни податоци, кои ќе ни помогнат за креирање на економските политики, рамномерни регионални планови за развој, соодветни политики во образование, култура, здравствена заштита.

Заев: Пописот е статистички процес неопходен на државата за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација...