Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јули, 2019 9:57

МНР: Нема македонски државјани меѓу настраданите на Халкидики

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До овој момент нема информации за настрадани државјани на Северна Македонија во невремето што го зафати поширокиот грчки регион Халкидики, потврдија за МИА од МНР.

Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.

Големо невреме ја зафати вчера соседна Грција

Заради нерасчистени патишта, паднати дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат да се избегнува движење во тој дел на земјата додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја.
Генералниот конзулат на Северна Македонија е во постојан контакт со надлежните служби. Македонските граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на следниве телефони:
00302310277347

00302310277348

Контакт од нашата амбасада во Атина:

00302106749585

Во невремето што го погоди Халкидики, една најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи, животот го загубија најмалку шест лица, меѓу кои и две деца. Едно лице се води како исчезнато, десетици се повредени, причинета е голема материјална штета и има прекин на снабдувањето со електрична енергија, јави дописничката на МИА од Атина.

Жртвите од невремето се туристи од Романија, Чешка и Русија кои биле во близина на првиот крак, додека, пак, од вчера попладне еден рибар се води како исчезнат.

Повредените се пренесени во неколку болници на Халкидики и во Солун, а една жена е хоспитализирана на интензивна нега. Неофицијално, меѓу повредените има и деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Како што информираат тамошните медиуми, 57-годишен маж загина во експлозија на котел во фабриката Месна индустрија Матијевиќ во Нови Сад.

Експлозија во фабрика за месо, има мртви и повредени

Трагедија се случи во Нови Сад откако при експлозија во фабрика за месо загина едно...

Бањајќи се на плажа во местото Пољица недалеку од Трогир некој фотографирал глетка која избезуми бројни капачи.

Мислам дека ќе ми пукне срцето – Огромен пајак ги преплаши капачите на Јадран

Неверојатна случка се случила на Јадранското море. Социјалните мрежи преплавени од...

„Од овој момент не сум повеќе премиер. Следната недела би требало да се појавам во Хаг“, наведе Харадинај.

По „земјотресот“ во Приштина, медиумите пишуваат: Во Хаг покрај Хардинај, можно е да седнат на иста обвинителна клупа и Тачи и Весели?

Премиерот на Косово  Рамуш Харадинај вчера поднесе оставка на седницата на влада....

Попладнево неочекувано оставка поднесе премиерот на Косово Рамуш Харадинај. Во секој момент се очекува негово обраќање. Нема информации дали неговото повлекување е повразно со дијалогот меѓу Белград и Приштина кој треба да продолжи во септември.

ШОК: Рамуш Харадинај поднесе оставка

Шок на политичката сцена во Косово, Рамуш Хардинај поднесе оставка. Шок во Косово по...