
Живот
Настани
Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во која многу наши државјани ги изгубија своите животи, Mинистерството за надворешни работи на Македонија информира дека во министерството веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата.
Од МНР информираат дека двајца нивни вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.
За оваа цел, Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе можат да се обратат за дополнителен совет: тел.број- 075 273 732.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.